08 Мај, 2024
0.0245

Заев по средбата со Бејли: Oчекуваме Иванов да го додели мандатот

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со Шекеринска и Спасовски остварија средба со американскиот амбасадор Џес Бејли на која беше потенцирано дека демократските процеси мора да продолжат со формирање на новата реформска влада. Нејзина задача ќе биде да обезбеди стабилност во државата и перспективи на Македонија кон НАТО и ЕУ, а со тоа и квалитетен живот за сите граѓани.

- Парламентарното мнозинство по изборот на новиот собраниски претседател, ги презема следните чекори согласно Деловникот, Уставот и законите во процесот за формирање на новата реформска Влада. Очекуваме Ѓорге Иванов да постапи согласно уставните задолженија и да го даде мандатот, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ додаде дека СДСМ е посветена да ги реализира сите преземени обврски кон граѓаните за економска стабилност и развој на Македонија.

- Новата Влада ќе ги спроведе потребните реформи и ќе обезбеди, за сите граѓани, без разлика на политичката, етничката или каква било друга припадност, сигурна иднина, во праведна и унитарна Република Македонија. Иднината на Македонија се НАТО и Европската унија и одлучни сме да работиме на вредностите што водат кон тие интеграции, рече претседателот Заев.

На средбата е осудено насилството во Парламентот и е констатиртано дека сите политички субјекти мора да бидат на ниво на одговорноста и да овозможат мирен трансфер на власта и заштита на граѓанските и државните интереси.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава