Заев: Предлогот на Груевски за малцинска влада е чекор кон федерализација
Објавено во: Македонија 26 Март, 2017
Зоран Заев, прашан зошто не ја прифаќа понудата на ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од Тиранската платформа, одговори дека ваквиот предлог на Груевски е обид за замајување на јавноста, но и е многу опасен.
- Да бидеме прецизни пред граѓаните. Повикот на Никола Груевски е всушност чекор кон федерализација, како ќе функционира новата влада без Албанци. Зошто да формираме малцинска кога може да формираме мнозинска влада која ќе ги реализира сите ветувања пред јавноста. Ова е обид на Груевски да ја замајува јавноста, да се блокира државата, да тоне економијата, да оставиме животот во Македонија да функционира нормално, посочи Заев.