27 Април, 2024
0.0288

ЗАЕВ-РАМА: Односите помеѓу Албанија и Македонија одат по нагорна линија

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Во Поградец денеска се одржа заедничка седница на македонската и албанската Влада. На седницата на која присуствуваа премиерите Зоран Заев и Еди Рама е изнесена оценката дека оваа е историска активност. 

На заедничката прес-конференција Заев изјави дека Македонија и Албанија треба да го искористат позитивниот момент за интеграција во структурите на ЕУ.

Тој додаде дека двете Влади се договорени да се реализираат повеќе проекти од областа на инфраструктурата. Заев вели дека има потреба патот Арбери кој се гради во Албанија од Тирана па се до македонската граница кај Дебар, да се продолжи и на македонска страна со цел да се зголеми трговската размена и развојот на економијата на двете страни од границата.

„Утре ќе го посетеме и македонското малцинство во Пустец и сметам дека Македонците во Албанија се мост за зближување на двете држави“- изјави Заев.

Рама изјави дека односите помеѓу Албанија и Македонија сега одат по нагорна линија. Тој додаде дека целосата реализација на Охридскиот договор е многу важна за демократските односи во Македонија. Рама истакна дека постигната е согласност граничниот премемнин Требиште – Џепиште помеѓу Албанија и Македонија кај Дебар наскоро да започне да работи 24 часа.

Рама пред новинарите го изнесе и големото задоволство што кај македонската Влада има интерес патот Арбери, кој се гради до границата со Македонија кај Дебар, да се продолжи и во Македонија. Тој истакна дека ќе има и една заедничка економска зона во согласност со препораките на ЕУ. 

Потпишани се повеќе меморандуми. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“