08 Мај, 2024
0.0256

Заев: Се поизвесно дека ќе коалицираме со ДУИ во повеќе општини

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Подготвен сум да го поддржам кандидатот на ДУИ за Чаир бидејќи сметам дека е добро решение, а доби поддршка и од партиските ограноци на СДСМ во оваа општина. Со ДУИ постои голема шанса да настапиме коалициски во повеќе општини, како и да добиеме нивна поддршка за град Скопје уште во првиот круг, а не во втор поради политички калкулации, рече Заев во Топ Тема за претстојните избори и опциите кој со кого ќе коалицира. 

За министерот Таравари кој се кандидира во Гостивар, Заев посочи дека доколку биде поразен нема да ми биде тешко да го задржам како министер за здравство бидејќи верува дека е добар кадар, но има разбирање и за Алијансата на Албанците како нова партија која бара свој начин да успее. Токму подготвеноста Таравари да се врати во Владата како резервна опција наиде на големи критики на новинарите поради непринципиелноста.

Лидерот на СДСМ, исто така посочи дека ќе имаат свои кандидати во Кондово, Липково, Струга и други општини каде очекува и македонци и албанци да гласаат за нивните кандидати кои се од албанска етничка припадност. 

Заев речи и дека не може на сите коалициони партнери да им забрани да ги кандидираат своите министри или заменици министри во општините бидејќи сака да завладее слободата и нивниот личен избор, но дека мора да има одредени граници за да се одржи реформското темпо на новата Влада. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава