03 Мај, 2024
0.0288

Заев: Владата ќе се насочи кон поевтина струја и развој на домашните енергетски капацитети!

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Заев на првиот работен ден и првото обраќање кое го имаше на денешната Конференција истакна дека новата Влада ќе им даде шанса на жените енергетичари и ќе го развива енергетскиот сектор, на начин што ќе цели кон намалување на цената на електричната енергија за граѓаните и домаќинствата, успешно работење на енергетските компании и економски раст во интерес на Република Македонија.

Енергетиката е меѓу водечките сили на економијата во една држава. Со обезбедена енергетска сигурност и безбедност, се обезбедува сигурен раст на економијата и на општеството.

„Во наредниот период Владата на Република Македонија силно ќе се насочи кон обезбедување енергетска сигурност и независност. Ќе ставиме посебен акцент на обновливите извори на енергија. Сонцето, симболот на нашата земја, ќе биде извор на енергија за секое домаќинство.

Ќе го зголемиме домашното производство на струја. Ќе вложиме во развој на домашните енергетски капацитети и ќе изградиме нови, со цел да го намалиме скапиот увоз на струја.

Ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата, но за поевтина струја ќе направиме и низа  други стратешки чекори. Ќе обезбедиме енергетска ефикасност.

Ќе обезбедиме слободен пазар на електрична енергија согласно европските директиви. Ќе го донесеме и гасот до секое домаќинство како поевтин и еколошки енергенс“, истакна Заев.

Лидерот на владечаката партија истакна дека и на овој начин ќе се отворат и нови работни места во енергетиката.

„Ова се клучните чекори што ќе ги направиме во енергетиката, за да им овозможиме на граѓаните поевтина струја и стабилно снабдување со електрична енергија, како и стабилна економска клима за функционирање на енергетските компании.

За да го оствариме ова, ќе биде потребен ангажман од сите. Вашите искуства се и ќе бидат драгоцени за развојот на енергетиката во Македонија“, посочи Заев.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април