06 Мај, 2024
0.0232

ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ: Долгорочно невработените се рак рана на македонското општество

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Со години чекаат вработување. Ова е проблем со кој се соочуваат многу македонски граѓани.

Во вкупниот број на невработени лица, најголемо е учеството на невработени кои според должината на невработеност се категоризирани во долгорочно невработени лица. Стапката на долгорочно невработените во 2019 изнесувала 13.1  отсто. Над 78.000 граѓани лани се евидентирани како лица кои 4 и повеќе години чекаат работа.

11.681 граѓанин веќе 3 години чекаат работа, а повеќе од 5.500 луѓе веќе две години биле невработени.

Ова се податоци кои ги објави Државниот завод за статистика во публикацијата Македонија низ бројки.

Постојат и луѓе кои откако завршиле со своето образование, работеле само хонорарно, но не успеале да пронајдат стабилна работа.

„Од мои 18 години сум на биро, се пријавував постојано, но работа не добив. Само два пати во мојот живот имав работа по договор за период од 6 месеци. Сега веќе се откажав, не се пријавувам во Агенцијата за вработување. Многу роднини, пријатели исто така со години се без работа и секако дека тоа е сериозен проблем во нашата земја“, раскажува Мирадије Исмаиловска, граѓанка.

Сепак, во 2009 и 2014 година, бројот на долгорочно невработени во Македонија бил поголем во однос на минатата година.

„Тоа е сериозен проблем, и луѓето се виновни затоа што не бараат работа активно. Вината е на државата, на поединците, но и на приватните фирми кои даваат ниски плати“, вели Славица Петковска, граѓанка.

Од синдикатот велат дека пикот бил во 2002 и 2003 година, кога имало висока стапка на долгорочно невработени. Додаваат дека оваа сосостојба трае со години.

„Откако настана преструктуирање на претпријатијата, се намали бројот на вработени, се јави разлика помеѓу понудата и побарувачката. И самите работодавачи многу пати барале да се продуцираат кадри какви што се потребни за пазарот на труд, така што тоа е едно комплексно прашање“, вели Маре Анчева, генерален секретар во синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

Во Европа, изминативе години Германија ја намали долгорочната невработеност, а со овој проблем најдобро се справуваат скандинавските земји.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години