ЗАКАНИ ПО ТЕЛЕФОН ПРЕД СОБРАНИСКАТА СЕДНИЦА ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ: Пратеникот Панчо Минов пријавил во полиција
Објавено во: Македонија 14 Јули, 2022
Пратеникот од редовите на владејачката коалиција, Панчо
Минов, во полицијата пријавил дека примил закани преку телефон пред собраниската седница на која пратениците ќе расправаат за „францускиот
предлог“.
„На 13.07.2022 во 20.00 часот, во ОВР Кавадарци од страна на П.М. (64) од Кавадарци, е пријавено дека на неговиот мобилен телефон добил неколку пораки со заканувачка содржина. Од страна на ОВР Кавадарци се преземаат мерки за расчистување на случајот“, е наведено во дневниот билтен на МВР.