Законот за јазиците и денес жешка тема во Собрание
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2017
Предлог законот за употреба на јазиците во прво читање денеска треба да продолжи на расправа во Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците
Според образложението од Министерството за правда, основна цел за носење на законот е доследна примена на уставните амандмани во законскиот текст во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.
Воедно се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку од 20 проценти.