02 Мај, 2024
0.0254

Занаетчиите сакаат субвенции за плата: Пекарите, козметичарите и фризерите ќе работат и во недела

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Ако не се одобри мерката за финансиска поддршка за плати многу занаетчии ќе останат без финансии и нема да бидат во можност да ги одржат бизнисите активни во наредниот период и да ги задржат вработените, велат од Занаетчската комора на град Скопје.

Оттаму тврдат дека голем дел од  занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка на РСМ затоа што, поради кризата работеа со загуби и не ги исполнуваат условите за аплицирање на повиците, а паушално оданочените занаетчии се исклучени како можни апликанти во повиците за бескаматните кредитни линии.

Претседателот на Занаетчиската комора Скопје, Горан Ристовски, вели дека сите занаетчиски дејности имаат проблеми во функционирањето. Најмногу долгогодишните проблеми со кои се соочува занаетчискиот сектор е сивата економија која што претставува реален проблем на легално регистрираните занаетчии. 

„Само со координирани конкретни активности кои ќе се преземат од надлежните институции, формализација на нерегистрирано вршење на дејност, и конкретна стратегија за намалување на сивата економија  ќе доведе  до конкретни резултати, вели Ристовски.

Во однос на законското решение за недела како неработен ден доставено е мислење до надлежните институции за занаетчиски дејности кои едноставно не можат да не ја вршат дејноста во недела поради природата и видот на услугите кои ги вршат. На пример фотографи, козметичари, фризери, цвеќари, забавни игри и други занаетчиски дејности вршат дејност и во недела, затоа што побарувачката на нивните производи и услуги го диктира денот недела како неопходен за вршење на дејност.

Засегнати се и занаетчиите кои вршат пекарска, слаткарска дејност, кетеринг услуги и достава на храна затоа што треба да влезат во листата на дејности кои согласно новото законско решение ќе можат да вршат дејност и во недела. 


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?