Започна електронската наплата на една од патарините на патот Скопје - Тетово
Објавено во: Економија 03 Април, 2024
На овој патен правец, најнапред во функција за електронска наплата е ставена наплатната станица Глумово.
„Со оглед на фактот дека работите се одвиваат според планираната динамика, во најскоро време се очекува за електронска наплата да биде ставена во функција и наплатната станица Желино. Со овие активности, целосно ќе се заокружи системот за електронска наплата на оваа делница од Коридорот 8“, објави претпријатието.