28 Април, 2024
0.0289

Започна Есенската математичката школа!

Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Во саботата, 5 октомври, започна Есенската математичка школа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Организатори се Сојузот на математичари на Македонија, а како генерален спонзор се јавува издавачката куќа Просветно дело. Есенската математичка школа 2019 е наменета за учениците од основните и средните училишта од целата држава.

  Во организација на Сојузот на математичари на Македонија, секоја сабота во октомври и во првата половина од ноември 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се одржува Есенската математичка школа 2019. Таа е наменета за ученици од 4 одделение основно образование до 4 година средно образование.Сосекоја возрасна група е предвидено да се работат по две теми, со вкупно 20 часа предавања, а по предавањата, предвиден е и завршен тест. Изборот на темите е приспособен на возраста на учениците, дел од темите ја надополнуваат, а дел од темите излегуваат од рамките на редовната настава по математика во училиштата. Предавачи на Школата се универзитетски професори и истакнати наставници по математика.

  „Со овој наш мал придонес во полето на популаризацијатана математиката сакаме да им овозможиме на учениците, коишто ја сакаат математиката, да имаат една можност повеќе и поквалитетно да се дружат со неа, но и со врсницитесо коишто делат заеднички интереси“, изјавуваат од Сојузот на математичари на Македонија.

  Поддржувачи на Есенската математичка школа 2019 се: Просветно дело –Скопје, Природно-математичкиот факултет, Педагошкиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, сите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

  „Секогаш работиме во насока на развој и поддршка на наставниот процес така што нашата поддршка ја насочуваме кон развојот на математиката во нашата држава и конмотивацијата на учениците и наставниците“, изјавија од издавачката куќа Просветно дело.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг