02 Мај, 2024
0.0485

Започна првата обука на корпоративни секретари

Објавено во: Стил 10 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори, поддржани од Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) членка на групацијата на Светска Банка денеска ја организираа Првата обука за корпоративни секретари во Република Македонија

 Целта на обуката е преку едукација на внатрешните правни советници во компаниите од страна на домашни и на странски експерти да се унапреди квалитетот на корпоративното управување и да се почитуваат постојните корпоративни правила и политики.

Како професионалец со единствен збир на знаења и способности, корпоративниот секретар треба да воспостави добра комуникација меѓу различните органи на управување на друштвото во согласност со статутот и интерните акти на компанијата, да воведе најдобри практики за одржување на комуникација на раководниот тим, акционерите и заинтересираните страни, да го советува претседавачот на Собранието за потенцијалните прашања кои може да влијаат на односот помеѓу друштвото и акционерите, да ги совлада предизвиците од креирањето на интегрирано известување за поголема транспарентност итн.

Според светските искуства, корпоративниот секретар е клучен играч во рамките на раководниот тим со соодветни способности, визија и вредности, потребни за компанијата и нејзините клиенти да се движат кон развој. Корпоративниот секретар треба да ја зголеми довербата и кај другите лица кои се засегнати од работењето на компанијата.

Инаку, Кодексот за корпоративно управување на Македонската берза, како и посебната регулатива на банките ја дефинираат и  регулираат позицијата на корпоративен секретар.