08 Мај, 2024
0.0445

Запознајте го Димитар Лабудовиќ згодниот тренер од тенискиот клуб Теннис Парк-Скопје

Објавено во: Стил 19 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Oткако ви претставивме дел од нашите фитнес и аеробик инструктори, време е да ви го претставиме Димитар Лабудовиќ згодниот тренер од тенискиот клуб Теннис Парк-Скопје, при С.Ц. Јане Сандански. Прочитајте како Димитар ја одржува својата форма, како е да се тренира во Т.К. Теннис Парк и кои турнири следуваат во клубот.

СЦЈС: Колку време се занимавате со тенис? Како започнавте?

Димитар: Со тенис почнав да се занимавам сосема случајно. Со мојот родител бев на терените на еден наш поранешен тениски клуб каде што ме забележа тренерот кој работеше во клубот. Ме повика да почнам да доаѓам на нивните тренинзи и така започнав да тренирам тенис и еве, веќе 21 година како сум дел од овој спорт, а веќе 6 години сум тренер.

СЦЈС: Дали сте се занимавале со некој друг спорт некогаш?

Димитар: Да, кратко време до 2 одделени во основно училиште тренирав кошарка, но никогаш не ме влечеше колку тенисот сега.

СЦЈС: Како се одвива еден ваш ден?

Димитар: Секој ден ми е организиран во зависност од бројот на тренинзи кои  ги имам тој ден. Доколку имам тренинг од сабајле започнувам во 9-10 часот. По тренинзите задолжително следува краток одмор и ручек  или доколку имам поголема пауза одам на кафе или цеден портокал во кафе-бар “Теннис Парк” при Спортскиот Центар Јане Сандански. Попладне повторно имам тренинзи и вечерта издвојувам време да се видам со најблиските или со пријателите. Кога немам тренинзи наутро практикувам да одам да вежбам во фитнес центарот Cybex во Спортскиот Центар Јане Сандански, бидејќи и ние тренерите мораме да ја одржуваме својата форма.

СЦЈС: Со кого е позабавно да се работи, со малите или возрасните тенисери?

Димитар: Секој тренинг е посебен предизвик без разлика за која годишна возраст се работи. Со помалите нашата цел е најпрво да го засакаат тенисот и да створат навика дека треба да доаѓаат на тренинзи. Така од најмали нозе добиваат еден вид на одговорност и дисциплина. Преку разни игри и забавни тренизни ги учат основите на тенисот. Со постарите е веќе разчично. Сите имаат сопствена програма по која ги работиме тренинзите и целта со нив покрај усовршувањето на техниката и тактиката во тенисот, се трудиме да се направат и одредени резултати како на домашните така и на меѓународните турнири во нивните категории.

leonticpobednicitenis

СЦЈС: Како е да се биде тренер во Т.К.Теннис Парк?

Димитар: Да се биде дел од Теннис Парк и  С.Ц. Јане Сандански генерално е прекрасно чувство. Јас сум дел од оваа приказна од самиот почеток и се трудиме од ден на ден да бидеме подобри и поуспешни. Имаме прекрасен тим кој функционира одлично. Условите во клубот се најдобри во нашава земја дефинитивно. Имаме 4 отворени земјени терени кои во секој дел од годината се во одлична состојба. Додека голем број на клубови во нашата држава имаат голем проблем во зимскиот период, ние имаме балон кој е чист и одлично затоплен  во текот на целата зима. Нашите играчи од јуниори до сениори го имаат на располагање и фитнес центарот каде што се одржуваат кондиционите тренинзи, но и сите останати услуги кои ги нуди С.Ц. Јане Сандански

СЦЈС: Што е следно во Теннис парк?

Димитар: На нашиот клуб му следува можеби најубавиот дел од годината кога се турнирите во прашање. Почнуваме на 13 јуни кога нашиот клуб е домаќин на турнир за јуниори до 16 години од календарот на европската тениска асоцијација. По него од 20 јуни до 10 јули за прв пат во Република Македонија после 8 години се организираат 3 професионални турнири за мажи кои се бодуваат за АТП ранк листата. Тоа е одлична шанса за нашите играчи да освојат нови бодови кои ке им помогнат за искачување на АТП ранк листата. Покрај овие турнири до крајот на летото имаме и одреден број јуниорски турнири кои се дел од календарот на Македонската тениска федерација.

СЦЈС: Што го прави ТК Теннис Парк поразличен од другите?

Димитар: Теннис Парк е клуб кој има млади тренери кои ја сакаат својата работа, кои сакаат да го пренесат своето искуство на играчите и кои секогаш ќе ги видите во убаво расположение. Атмосферата во клубот е прекрасна и сите сме како едно големо семејство. Дечките кои се задолжени за терените, вработените во кафе-барот, ние тренерите сите се надополнуваме и функционираме како едно. Тоа заедно со условите кои ги имаме го прави клубот посебен и одлично место за работење.

СЦЈС: Што им препорачуваш на сите?

Димитар: Секој кој има желба за тренирање, за рекреативно играње тенис е добредојден во нашиот клуб. Годишната возраст не треба да биде пречка за да се дојде и да се направат првите чекори во тенисот, а секако тоа е и добро за здравјето. За децата тенисот е спорт со кој се развива целото тело. Се развиваат координацијата, балансот, моторичките способности. Голем број луѓе веќе се дел од нашиот клуб бидете и Вие.