Заробениот пилот денеска ќе биде ослободен
Објавено во: Свет 01 Март, 2019
Воздухопловниот командант кој беше заробен кога неговиот борбен авион „МИГ-21“ е соборен во Кашмир денеска ќе биде пуштен. Пакистан ќе го ослободи индискиот пилот.
„Исламабад изрази подготвеност да го предаде заробениот пилот, ако овој потег помогне да се смират тензиите што ги втурнаа соседите до работ на војна“, вели пакистанскиот министер за надворешни работи.
Освен тоа, пакистанскиот премиер Имран Кан сака да разговара со индискиот премиер „за да се прошири пораката за мир“, рече пакистанскиот дипломат.
Индискиот пилот утре ќе биде ослободен, најави премиерот на Пакистан , Имран Кан.
Рекоа дека ослободувањето на пилотот е гест на мир.
Индија во вторникот бомбардираше цели во Пакистан, откако тамошни милитанти убија 40 индиски војници, на што Пакистан возврати со воздушни напади, тврдејќи дека во прашање не биле воени мети. Индија претрпи тежок удар кога вчера ѝ беа соборени два авиони, а еден од пилотите беше уапсен.