08 Мај, 2024
0.0226

Збор со кој никако не смеете да го почнете е-маилот!

Објавено во: Стил 18 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Постои збор, а не е пцовка или било каква „безобразна“ фраза со која не смееме да почнуваме е-маил, а експертите велат - и било кој друг вид на конверзација-пишувана или усна.

Хотелскиот магнат Џонатан М.Тиш го открива за Њујорк Тајмс своето правило кое го применува во е-маиловите кои ги пишува, а советува и ние што поскоро да го усвоиме.

Ако постои една работа која веднаш ќе го одбие оној кој го прима е-маилот е да ги почнувате писмата со „ЈАС“. Ваквата порака иммплицира дека вие сте поважна личност од онаа со која комуницирате, односно дека себе си се ставате на прво место, над се.

Затоа, размислете како би можеле да го избегнете ваквиот почеток-некогаш само со исфрлањето на зборчето -наместо „Јас мислам“ напишајте „Мислам“, или некој неодреден облик како на пример - „Изгледа...“ ќе станете не само подобар пишувач, туку и покултурна и угледна личност.