11 Мај, 2024
0.0267

„Здравје-Радово“ почнува со производство на нов јогурт

Објавено во: Агробизнис 31 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Млекарницата „Здравје - Радово“ лансираше нов производ на пазарот. Јогуртот „Здравје“ ќе се добива од пресно измолзено млеко со софистицирани лакто бактерии. Целиот процес на производство на овој јогурт трае само еден ден, а се задржуваат нутритивните каратеристики, минералите и витамините. Според маркетинг менаџерот Павел Павловски новиот јогурт на Здравје Радово претставува надополнување на веќе постоечкиот бренд кој е добро етаблиран и се продава добро. Целта, како што рече, е за да се засили брендот. Јогуртот ќе го задржи старото пакување, вкусот не се разликува од досегашниот јогурт, а за да се уверат во квалитетот потрошувачите, ќе биде со промотивна цена меѓу 42 и 47 денари. Моментално пазарниот удел на „Здравје-Радово“ е 14 проценти, но раководството планира двојно да го зголеми. Оваа млекарница соработува со најголем број кооперанти, а дневно откупува околу 100 илјади литри млеко. Годинава очекува откупот да се зголеми на 150 илјади литри млеко на ден.