03 Мај, 2024
0.0311

Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија повикува компаниите да не бидат вклучени во предизборната реторика

Објавено во: Економија 10 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Да не се користат компаниите што работат на македонскиот пазар во предизборна кампања и да не се повикува на бојкот на производи, реагираат од Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија

Велат дека тоа се компании кои работат според законите и регулативите на државата што сите треба да ги почитуваат. Нивното искористувањето во предизборни активности е удар за македонската економија, додаваат оттаму.

„Компаниите кои работат на македонскиот пазар не треба да бидат дел и вклучени во предизборната кампања и реториката на политичките партии. Стопанскиот сектор во земјата е независен и не треба да биде користен во собирање политички поени. Компаниите од мал, среден и голем профил работат согласно домашната регулатива и домашните и меѓународните пазарни прописи кои прецизно дефинираат како македонските компании и производи ќе бидат декларирани на локалниот и на странските пазари. Секој повик на бојкот на домашните компании, што произлегува од политички или лични мотиви, нанесува голема и ненадминлива штета, посебно во период кога македонското стопанство се соочува со потешкотии произлезени од Ковид-19 пандемијата. Повиците за бојкот и споменувањето на компаниите во политички контекст создаваат дезинформации и погрешна претстава за работата на македонските компании. Во тој контекст, Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија упатува апел до партиите, политичарите и сите оние кои се вклучени во предизборната кампања да не ги злоупотребуваат името и репутацијата на компаниите. Исто така, упатуваме апел и до граѓаните да не потпаѓаат на политичките реторики и провокации и да ги поддржат македонските компании и производители, посебно во овие тешки и неизвесни моменти“, велат во соопштението.

Домашниот сектор вработува илјадници македонски работници и е главниот фактор во поттикнување на македонската економија. Ударот врз компаниите е удар врз целокупното стопанство и најмногу кон вработените. Со повик за апстинирање и бојкотирање на македонските производи, се прави штета на илјадници вработени во домашниот сектор и на нивните семејства, се наведува во соопштението.                          

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија