02 Мај, 2024
0.0283

ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА - Билал Суџубаши: Здравје пред сѐ, хуманост, општествена одговорност и просперитет

Објавено во: Економија 25 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Билал Суџубаши е Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје. Банката во услови на пандемија предвремено ги подмири обврските за данокот на добивка, а им излезе на клиентите во пресрет и со одложување на кредитните рати. За стопанството обезбеди дополнително кредитирање. Суџубаши вели дека за следната година посакува здравје. Тоа, како што покажа годината која изминува, е најважно.

„Годинава што изминува поради пандемијата со Ковид-19 беше многу тешка за сите, за граѓаните, за компаниите, за државата. Во ваква ситуација, соодветно на одговорноста што ја имаме како една од четирите најголеми банки во земата, на дадената ситуација одговоривме со ургентно донесени мерки, како за државата, така и за населението и за стопанството во насока на олеснување на состојбата. Предвремено подмирување на обврските за данок на добивка, одложување на сите кредитни изложувања на граѓаните во период од шест месеци, пакет мерки за одложување на обврските за стопанските субјекти, дополнително кредитирање за поголема ликвидност на стопанството, поповолни кредитни производи за граѓаните, се само дел од мерките кои ги спроведовме со цел полесно справување со кризата.

Дополнително, многу наши активности насочивме кон заедницата, односно како поддршка на културата, спортот и секако заштита на природата што е еден од нашите главни белези како Банка.

Она што најмногу го посакувам во годината што е пред нас секако е пандемијата што побрзо да заврши и животот да се врати во нормала. Ќе има многу работа бидејќи многу граѓани, стопански субјекти, а и државата во целина, се погодени со кризата. Ние ќе бидеме тука да помогнеме. Основно мото на Халкбанк е „Важни се луѓето“. Ова не е само мото туку и основа на нашето работење и делување. Подразбира грижа за вработените, за нашите клиенти и деловни партнери и грижа за заедницата во која делуваме и во која настојуваме да помогнеме и дадеме поддршка.

Ние не размислуваме само за создавање профит, туку работите ги гледаме и пошироко. Наша цел е да имаме задоволни клиенти, задоволни вработени и задоволни акционери. Но и држава која е задоволна што има силни банки и стабилен банкарски систем на кој може да се потпре и во добри, но и во лоши времиња. Наша цел и идната година ќе биде да го продолжиме растот со засилено темпо, да нудиме висок квалитет на услугите и нови производи креирани според потребите на клиентите, да го јакнеме брендот Халкбанк во земјава, да продолжиме да спроведуваме општествено одговорни практики, да бидеме тука и да дадеме поддршка.

Идната година за нас е јубилејна бидејќи под брендот Халкбанк во Северна Македонија работиме од 2011 година. За оваа деценија, благодарение на начинот на работа и раст во сите сегменти на банкарското работење, и секако на поддршката која цело време ја имаме од нашата матична банка Халкбанк АШ Турција, успеавме да станавме најбрзорастечката банка и еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. По повод јубилејот, за населението и бизнис заедницата ќе излеземе со нови производи, со многу поволности и примамливи опции. 

Моите приватни желби се пред сѐ здравје за сите, бидејќи во годинава што изминува се уверивме дека здравјето е најважно. Посакувам и натаму нашите вработени да бидат задоволни, бидејќи човечкиот факор е оној кој создава успешни приказни. Посакувам да бидат задоволни и нашите клиенти и банката да ја чувстуваат како партнер. Посакувам да се негуваат и во преден план да излезат вистинските вредности. Заеднички да посветиме поголема грижа за природата од која зависиме сите, вели Суџубаши за Фактор.


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?