02 Мај, 2024
0.0291

ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА – Драгољуб Арсовски: Посакувам подобра година без ограничувања и поголема слобода на функционирање за секого

Објавено во: Економија 28 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Драгољуб Арсовски е претседател на Управниот одбор на ТТК Банка, искусен банкар. Во годината која изминува, поради здравствениот предизвик, банката успеа да го зајакне капацитетот за поголема флексибилност, да се фокусира на дигитализацијата и посветеноста на клиентите.

Пандемијата ја поттикна потребата и го зајакна нашиот капацитет за флексибилност, брза промена и адаптација. Способноста да продолжиме да функционираме ефикасно и за време на вакви кризни времиња и нови предизвици, ја препознаваме како дополнителна вредност и потенцијал на ТТК Банка АД Скопје. Долгорочната цел е елиминирање или, во најмала мера, ублажување на сите видови  ризици што ќе го следат денешново секојдневие, од материјален, финансиски и човечки карактер.

Преку ноќ се смени однесувањето на клиентите, а со тоа и нивните приоритети. Така ја насочивме и нашата креативна моќ и се обидовме на пазарот да понудиме производи што ќе парираат на новите приоритети. На почетокот го почувствувавме краткото запирање на пазарот и, со цел да овозможиме брз проток, реагиравме со намалување на каматните стапки на нашите производи и промена на пристапот во поддршката на клиентите кои одеднаш не можеа или потенцијално нема да можат да продолжат со редовната отплата на заемите.

Има процеси кои сѐ уште ги прилагодуваме. Од една страна, законските одредби бараат еден вид постапка којашто се потпира на контакт лице в лице, лична идентификација и слично, а од друга страна, важат препораките за ограничување на личните контакти и избегнување влез во експозитура но, сите заеднички се трудиме да обезбедиме безбедни услови за работа како за нашите клиенти така и за нашите вработени, заменувајќи ги физичките процеси со безбедни електронски практики и со работа од далечина.

Едноставно, пандемијата ја засили пораката дека дигитализацијата не е опција туку таа е од суштинско значење за одржливост и издржливост во криза.

Во 2021 година ТТК Банка АД Скопје ќе продолжи да дејствува проактивно, фокусирајќи се кон стабилно и профитабилно оперативно работење врз основа на реални и предвидливи очекувања.

Предизвикот за кој се подготвуваме е одговор на очекувањата дека кризата ќе ги зголеми нефункционалните заеми. Затоа, нашата основна стратешка цел е задржување на сегашната ниска стапка на ненаплатливи кредити во нашето портфолио. Тоа и во иднина ќе настојуваме да го реализираме пред сѐ преку навремено и ефикасно дејствување, подобра наплата како резултат на очекуваната стабилизација на економските процеси, прифаќање на ризикот и реструктурирање на кредитните портфолија за кои анализите покажуваат перспектива на деловниот потфат во блиска иднина, продажба на ненаплатливите кредити итн.

Потпирањето на сопствените извори на финансирање и понатаму останува основа на нашата деловна стратегија. Тука, од големо значење ќе биде начинот и динамиката на ослободувањето од денешните ограничувачки регулативи и системската поддршка од фискалните и монетарните власти.

Оваа наша стратешка задача ја надополнуваме и со мерки и активности во тековното работење кои значат натамошно одржување и унапредување на конкурентноста на понудата на нашите производи и услуги, преку континуирано приспособување и подобрување на условите на производите, во согласност со потребите на корисниците и пазарните услови.

Со оглед на окружувањето и релативно ниските каматни стапки, контролата на трошоците и квалитетот на пласманите и понатаму ќе бидат од клучна важност.

Користејќи транспарентни и етички операции, Банката ќе продолжи да ги промовира и да ги спроведува своите вредности: доверба, традиција, ентузијазам, искуство и знаење, тимски дух и професионализам.

Кога општото здравје на нацијата е загрозено, како што е во оваа 2020 година, тогаш нема многу желби освен 2021 година да биде многу поинаква и подобра и веќе да не зборуваме за ограничувања. Желбата е единствена, ама мултифункционална и, ако се реализира, ќе доведе до раст на слободата на функционирањето, што претставува најголемо богатство за секој поединец, за секоја фамилија и за сите македонски граѓани во државата и насекаде во светот, вели Арсовски за Фактор.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?