11 Мај, 2024
0.0231

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ГО ИЗГУБИЈА ТРПЕНИЕТО: Излегуваат на протести, а кој ја закочи исплатата?

Објавено во: Агробизнис 04 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Дефинитивно земјоделците го изгубија трепението со исплатата на субвенциите која со месеци е стопирана.

Новиот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Игор Златков положи англиски, и веднаш најави дека ќе почне исплатата, но ниту денар уште не легнал на сметките на земјоделцити.

Од платежната агенција информираат дека се пуштени налозите за исплата, но од министерството за финансии засега нема одговор кога ќе почне исплатата, а министерот Кирил Миновски е на службен пат.

И покрај тоа што надлежните тврдат дека обврските кон земјоделците се подмируваат навремено, сепак не е така.

Златков пред неколку дена најави дека прво ќе се исплаќаат субвенциите по однос на заостанати обврски од 2015 година, па потоа субвенциите за 2016 година со што оваа информација покажува дека 2015 година сеуште не е расчистена. Исплатата на субвенциите се врши во две календарски години. Така исплатата на субвенциите за 2015 година според календарот за исплата требало да заврши лани на крајот на јуни.

Досега од земјоделските здруженија на актуелната влада и дадоа неколку рокови за да најде начин како да продолжи исплатата на субвенциите. Иако пред две недели најавија дека ќе протестираат, минатата недела се предомислија и одлучија да почекаат, да се официјализира новиот директор на агенцијата Златков. Но и неговата официјализација се пролонгираше оти се чекаше да го положи испитот по англиски јазик и да го добие потребниот сертификат кој беше неопходен за да може да стане директор на Платежната агенција. Од земјоделските здруженија рекоа дека ќе почекаат да видат што ќе се случи и минатата недела, па потоа ако има потреба ќе реагираат.

Токму реакцијата се случува денес.

Земјоделците од повеќе градови за денеска најавија протест пред подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Исплатата на субвенциите се стопираше околу шест месеци, бидејќи според Изборниот законик не може да се врши исплата се до формирање на нова влада.