28 Април, 2024
0.0292

Земјоделците на фарма ќе спроведуваат електронско сметководство

Објавено во: Агробизнис 07 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Со софтвер за електронско водење на сметководствена евиденција, Федерацијата на фармери на Македонија ќе им помогне на земјоделците полесно да се справуваат со предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното водење на фармите.

Програмата PANTHEON FarmAccouting, што ја изработи словенечката софтверска компанија Даталаб, на едно место ги содржи евидентните книги за растително и сточарско производство, евиденцијата на работната сила, приходите и расходите на фирмата, ветеринарниот дневник, даночната евиденција и главната книга.

Според петгодишнината национална програма за развој на земјоделството и руралниот развој од годинава земјоделците имаат обврска да започнат со примена на основните принципи за Добра земјоделска пракса, според која земјоделците треба да водат евиденција во растителното и сточарското производство.

- Сметководственото водење ќе има неколку предности. Прво како земјоделци ќе знаеме точно кои се слабите точки во текот на нашето производство или во функционирањето на земјоделското производство. Податоците се важни за земјоделците за да знаат дали имаат добивки или загуби. Исто така преку овие податоци оние што сакаат да ни дадат пари без разлика дали тоа се банки или Владата, сакаат да знаат дали сме профитабилни и во која мера ќе можеме да ги вратиме средствата кои сакаме да ги добиеме, изјави Андреја Секуловски од Федерацијата на фармери на Македонија.

Според извршниот директор на Даталаб, Андреј Мертел, програмата на земјоделците ќе им овозможи соработка и со консултантските компании. - Фармерите ќе ја работат својата работа, а податоците во исто време ќе и се прикажуваат на Федерацијата на фармери која точно знае што треба да стори со тие податоци, појасни Мертел.

Федерацијата на фармери на Македонија во март потпиша меморандум за соработка со словенечката компанија Даталаб. Софтверската програма PANTHEON во секојдневното работење ја користат над 30.000 корисници во Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Албанија

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?