10 Мај, 2024
0.0254

Земјоделците стравуваат од враќање на зимата

Објавено во: Агробизнис 23 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Високите температури кои ја зафатија државата и се невообичаени за овој период, немаат негативно влијание во моментот врз земјоделството, но доколку настане повторно промена на времето и заладување може да се појават проблеми во овоштарството, лозарството, градинарството, поледелството, пчеларството, соопштуваат од ферерацијата на фарамери. -          Кај овошките топлото време доведува до предвремено расцветување и доколку дојде до намалување на температурите и појава на мраз тогаш ќе настане процес на измрзнување. Токму од ваквата временска појава  овоштарите стравуваат од загуби поради измрзнување, стои во соопштението. Слична е и ситуацијата и во градинарството, велат од ФФРМ посочувајки дека во моментот топлото време позитивно влијае  врз производството и тоа од повеќе аспекти: забрзан развој на растенијата, поголем процес на фотосинтеза,подобар развој, намалени трошоци за загревање на пластениците, што директно влијае врз  крајната цена на самиот производ  особено кај доматите, краставицата и пиперката . Доколку дојде до намалување на температурите, од ФФРМ велат дека се очекува негативни последици да има врз развојот на растенијата и некои градинарски производи како што е зелката кои можат да претрпат и шокови, односно како што се случи пред две години да дојде до расцветување на зелката. Високите температури придонеле житариците поволно да се развиваат, но постои опасност од намалување на влагата во почвата, поради сушната зима и тоа негативно влијае на нивниот развој. Ако настапат ниски температури и мраз, негативните последици исто така ќе има и врз развојот на житариците. Топлото време влијае позитивно и врз пчеларството. Доколку дојде до нагло заладување, пчеларите стравуваат од можно угинување на пчелните семејства, бидејќи пчелите веќе започнале да се однесуваат како да е пролет. Токму температурните разлики се дел од климатските промени кои веќе влијаат врз македонското земјоделство. За справување со ваквите промени ФФРМ апелира на спроведување на едукативни кампањи за адаптирање на земјоделството врз климатските промени, како и навремено информирање, едуцирање и користење на нови технологии.