03 Мај, 2024
0.0292

Земјотресите не се партиска, тие се природна појава!

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија е тектонски активно подрачје, скоро и да нема регион во земјава каде нема земјотреси. Тоа се должи на глобална тектоника, значи од движењето на големите тектонски плочи, движењето на африканската во однос на евроазиската плоча и од тоа се предизвикани земјотресите во Медитеранот и на Балканскиот полуостров. Земјотресите кои деновиве беа регистрирани во Охрид и околината се должат на активноста на пештанско-петранските раседи од охридското епицентрално подрачје. Процесот е сложен, но нема простор за паника помеѓу граѓаните - вели за Фактор, Драгана Черних- раководител на сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Опсерваторијата како што вели има најсовремена опрема со која брзо и точно се регистрираат сите промени, но нема доволно кадри кои ќе можат да го водат целиот процес. Според Черних, таму работат само двајца сеизмолози, а недостасува инжењер кој ќе може да го одржува и ажурира системот.

“Одговорно тврдам дека последниве две недели регистрацијата на серијата земјотреси е искчлучиво на ентузијазмот на двајцата сеизмолози кои работат во опсерваторијата. Систем инжењерот си замина и две години се работи без овој кадар. Со пари од МОН купивме најсовремена опрема, има инструменти кои сеуште се во експериментална фаза бидејќи нема систем инжењер, а потребни се уште малку средства да се доекипираме”- потенцира Черних.

Во сеизмолошката лабораторија таа работи околу триесет години. Желбата и нејзината област -геофизика вели биле основен предуслов да ги истражува земјотресите. Но работата е исто толку сурова поради недостигот на стручни лица. Во еден месец вели се случува со колегата да немаат ниту еден слободен ден, а немаат ниту службено возило и дневници.

““Присуствував и на координативното тело во Охрид. Мора да се инсталира станицата, да се постави системот. Голема паника се направи во Охрид, населението не е едуцирано како да се однесува за време на земјотрес. После скопскиот земјотрес се донесоа прописи за асеизмичко градење и оваа пракса се практикува, па затоа и да има посилни земјотреси нема да има поголеми штети туку може да има некоструктивни штети на преградни ѕидови, а не на конструкцијата. Граѓаните треба да бидат мирни и да не бегаат во паника, бидејќи досега се покажа дека граѓаните во паника го изложуваат животот во опасност”- објаснува сеизмологот Черних.

Екипи на опсерваторијата и Институтот за земјотресно инженерство деновиве беа во Охрид за да ја утврдат фактичката состојба и последиците од земјотресот.

“Бевме во Охрид за да се инсталира сеизмолошка станица во Скреботно во манастирот, непосредно во подрачјето на епицентарот на земјотресите кои го зафатија охридскиот регион. Податоците од станицата во реално време пристигнуваат во сеизмолошката опсерваторија во Скопје каде се обработуваат заедно со податоците од другите сеизмолошки станици. Земјотресите според податоците на сеизмограмот покажуваат дека во секоја минута има по неколку земјотреси во Охрид и околината. Станицата во Скреботно ќе послужи за понатамошна детална анализа на ова епицентрално подрачје, значи на движењето на раседите од овој блок. Овие земјотреси се должат на активноста на пештанско-петранските раседи од охридското епицентрално подрачје”-додава Черних.

Преку станицата во Скреботно како што вели локално ќе бидат регистрирани и најмалите земјотреси со магнитуда блиску до нулата. Врз база на анализа на овие податоци ќе може да се просуди за движењето на блоковите на овие активни раседи.

“Сеизмолошката опсерваторија е задолжена за сеизмичноста, набљудување на земјотресите. Најпрецизно може да се одреди јачината, енергијата ослободена во жариштето. Тоа се пресметува инструментално од записите на сеизмограмите, a записите покажуваат за колкава магнитуда и јачина по Рихтер станува збор. Манифестацијата на таа енергија на површината на земјата врз луѓето и објектите го дава интензитетот на земјотресот кој се мери со европската макросеизмичка скала. Кога ќе се случи земјотрес во минути се прават податоците за силината на земјотресот и локацијата. Има софтвер кој автоматски регистрира податоци. Инструментите се инсталирани во 1957 и сеуште се одржуваат во кондиција ” –потенцира раководителката на сеизмолошката опсерваторија.

Дополнителен проблем како што вели е што населението не е доволно едуцирано како да реагира за време на земјотрес.

“Недостасува едукација на населението во случај на земјотрес. Во Грузија има цело одделение задолжено за едукација на населението, да ги научат граѓаните дека се природна појава и мора да се почитуваат прописите и правилата на градење.Мора да се внимава на градбата на објектите кои треба да ја издржат силата на земјотресот. Во моментот работиме со мал број на станици, функционираатсамо пет низ земјава.Република Српска има 12, а територијата е слична. Во земјава би требало да има барем десетина станици. Овој зафат не чини повеќе од 5 000 евра, а за инструменти уште 20 до 30 000 евра. Значи не треба многу, потребна е само волја.Во 2005 година добиле донација од УСАИД и словачката академија на науки кога прв пат се поставил телеметрискиот систем со пренос на податоци во реално време. Имаат донации и од виенскиот институт кои се пософистицирани за работа. Има проблеми со станиците во мрежата на сеизмолошки станици во Охрид, Валандово, Штип, Крушево. Компјутерите се стари и мора да се заменат со нови” ”- порачува Черних.

Очекува средба со новата министерка за образование и наука Тренеска-Дескоска која треба да ги чуе реалните проблеми со кои се соочува опсерваторијата. Земјотресите според неа не се партиски, туку тие се природна појава од која граѓаните треба да бидат целосно заштитени.

Сеизмолошката опсерваторија располага со податоци стари 2 000 години, а повеќе од 100 години со инструментални податоци врз база на кои може да се утврди по одредени статистички методи периодот на повторување на земјотресот во одредено подрачје. Според неа неопходно е вработување на стручно лице кое постојано ќе води сметка за компјутерите и серверите бидејќи тука се чуваат податоците кои се архива и душа на опсерваторијата.  

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите