Жена почина поради екстремните температури во Скопје
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2017
Екстремно високите температури ја одзедоа првата жртва. Според информации на Скопската Брза помош жена на возраст од 47 години починала како последица на жешкото време. Таа заедно со своја колешка, од климатизирана просторија излегла да повика такси, па додека чекала неочекувано и се слошило, по што починала на лице место.
Според зборовите на дежурниот лекар, состојбата на жената се вошила поради наглата промена од ладно кон топло, а нејзиното семејство вели дека дотогаш немала никакви здравствени проблеми.
Настанот се случил на улица во близина на објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во непосредна близина на Судот за прекршоци и Градскиот парк.
Денеска имало уште два случаи на колабирање и две сообраќајни несреќи предизвикани поради намалување на концентрацијата на возачите, поради горештините.