01 Мај, 2024
0.0260

ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА НА СИНДИКАТОТ - ви благодариме министерке, за мерките во корист на газдите

Објавено во: Економија 29 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Жестока реакција на Синдикатот на една од олеснетите мерки за компаниите, со која тие за да добијат пари од државната помош, ќе смеат за извесен процент да го намалат бројот на вработените.

„Сојузот на синдикатите на Македонија и се „ЗАБЛАГОДАРУВА“ на министерката за финансии г-ѓа Нина Ангеловска, што во целост ги поддржува и применува мерките од „газдите“ и допринесува да се зголеми бројот на невработени во Република Северна Македонија, како честитка по повод претстојниот 1- ви Мај, Меѓународниот ден на трудот“, напишаа во своето соопштение од ССМ.

ССМ, како што велат, реагира на изјавите на министерката за финансии по однос на давање можност на компаниите кои користат финансиска помош да можат да го намалат бројот на вработените, како и за донесената Уредба за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците арпил и мај 2020 година донесена на седница на Владата одржана на 28 април.

„Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува Министерството за финансии и Владата дека давање на финансиска поддршка која на крајот на денот ќе се враќа од парите на работниците и преку даноците на граѓаните не смее да овозможува намалување на број на вработени односно државата да го финансира отпуштањето на работниците под притисок на работодавачите.

Во овие моменти кои се исклучкително тешки за македонските работници, Владата ниту пак Министерството за финансии не смеат да носат Уреби по нарачка и притисок од работодавачите, коморите и сл., а се на штета и на грбот на работниците!!!

Овозможувањето на работодавачите со Државни пари да си поигруваат со  судбините на работниците и нивните семејства, мора веднаш да запре“, децидни се од ССМ.

Од тие причини, велат, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, бара итна средба со министерката Ангелова, за надминување на оваа, за работниците, како што ја нарекуваат, погубна Уредба.

„Однапред нека ни е честит 1-ви Мај Меѓународниот ден на трудот“, велат од синдикатот.

А министерката за финансии Нина Ангеловска денеска ги објави олеснетите мерки, за кои работодавачите ќе можат да аплицираат веќе од почетокот на мај. 

Според неа, првото олабавување е дозволувањето на флексибилност за намалување на бројот на вработени. Но според неа, тоа се однесува за оние работници кои самите сакаат да ја напуштат компанијата, или се сезонски, или им истекол договорот.

„Бизнисмените прашуваа што ако работникот сам напушти или ако се работи за работник на кој му истекува договорот, сезонски работници и сл. Со ова се олабавуваат условите за задржување на бројот на вработени. Првично во мерката беше укажано дека работодавачот треба да го задржи истиот број вработени два месеци по користењето на мерката, односно заклучно со јули. Со промената се дозволува намалување на бројот на вработени до 15 отсто кај микро и малите, до 10 отсто кај средните и до 5 отсто кај големите компании. Со ова пак ќе се спречат отпуштања, но ќе се зголеми опфатот на фирмите“, го обласни олеснувањето првата финансиерка. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција