26 Април, 2024
0.0259

Желбите сè поголеми, чергата сè пократка, за два месеци нови 100 милиони евра!

Објавено во: Финансии 30 Март, 2013

Добивај вести на Viber

И во февруари продложи трендот на пораст на јавниот долг. Според најновите податоци од Министерството за финансии, долгот на Централната Влада заклучно со 28 февруари оваа година изнесува 2 милијарди и 716 милиони евра или достигна 33,3 проценти од Бруто Домашниот Производ. За само еден месец, од јануари до крајот на февруари долгот порасна за 17,2 милиони евра. Анализата на објавените податоци покажува дека намалување на долгот има страната на надворешното задолжување, чие салдо изнесува 1 милијарда 686 милиони евра. Овој пад е резултат на раздолжувањето на Еврообрзницата од 250 милиони евра и поради тоа што во јануари веќе се прокнижи новото задолжување преку Светска Банка и Дојче Банк, по што во февруари не се спроведоа други кредитни задолжувања од странство. Во исто време, на страната на внатрешното задолжување има натамошен тренд на пораст. Заклучно со крајот на февруари, внатрешниот долг надмина една милијарда евра, или поконктерно 1 милијарда и 30 милиони евра. Најголем удел и најлогем пораст на внатрешниот долг има поради наматошната продажба на државни хартии од вредност. По основ на записи и обврзници, владата должи 905 милиони евра, што во однос на јануари претставува скок од скоро 33 милиони евра. Само за првите два месеци од годинава, државата се задолжила со нови 100 милиони евра преку записи и обврзници  во споредба со состојбата на крајот од 2012 та година. Стапката на задолженост на Централната Влада од 33,3 проценти е една од највисоко измерените стапки од 2005 та година па до сега. РАСТАТ ДОЛГОВИТЕ НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР И НА БАНКИТЕ КОН СТРАНСТВО  Државата, банките, приватниот сектор и народната Банка во странство должат 5 милијарди и 163 милиони евра. Народната Банка ги објави конечните податоци за состојбата со Бруто-надворешниот долг. Пресметката на “Фактор“ покажува дека овој долг достигна 69 проценти од Бруто Домашниот Производ. Податоците укажуваат дека во структурата на надворшната задолженост, приватниот сектор зафаќа 1 милијарда 682 милиони евра, државниот сектор должи 1 милијарда и 589 милиони евра, банкраскиот речси 619 милиони евра а  монетраната власт 234 милиони евра. Намалување на бруто-надворешната задолженост се забележува кај државниот сектор и кај Народната банка, додека зголемување има банкраскиот и кај приватниот сектор. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот