12 Мај, 2024
0.0334

Железницата е непрофитабилна, но секогаш e спремна за нови вработувања!

Објавено во: Македонија 18 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Работниците од Ремонт на пруги ќе бидат вработени во Македонски железници- Инфраструктура. Огласот за нивно вработување е веќе објавен. Договорен е моделот како ќе се плаќаат, а од железничката компанија уверуваат дека тоа нема да го оптовари буџетот на фирмата. Станува збор 80 тина вработени, кои изминатиов пеирод со денови протестираа пред Владата барајќи да се реши нивната судбина.

Голготата на работниците од Ремонт на пруги

Повеќе од 8 месеци работниците на Ремонт протестираа пред Владата и бараа раскинување на купопродажниот договор со фирмата од Бања Лука и враќање под МЖ Инфраструктура. Откако истече договорот со Босанската компанија, вработените беа на улица и покрај владината одлука да се вратат во државната фирма на работа.

Пред изборите добија ветување дека веднаш по завршувањето на изброниот процес, проблемот ќе биде решен и тие ќе бидат вработени во Железницата.

Железницата е превработена

Пред неколку месеци пак најавата дека во МЖ-Инфраструктура ќе се вработат луѓето од Ремонт на пруги, предизвика негодувања и рекации, кај оние што се врабптени во компнијата задолжена за железничката инфраструктура, особено кога беше кажано дека  дел од вработените од оваа компанија ќе бидат прераспределени во други државни институции.

Тогаш железничарите се заканија  со штрајк доколку власта и раководството на МЖ –Инфраструктрура не се откажат од намерата дел од вработените да ги префрлат на работа во други државни институции. Беше најавено дека ќе се  прераспределуваат да работат во музеи, театри, училишта, водостопанство,  како хаусмајстори, редари, портири во Зоолошка.

Списоците со 90 вработени од МЖ-Инфраструктура кои ракводството ги сметаше за вишок, беа подготвени, но сепак засега се уште нема ништо од реализација на таквиот потег иако дел од вработените кои беа на списоците беа повикувани и на разговори во институциите каде требаше да преминат.

Железничарите тогаш изразија револт бидејќи на новите позиции на кои требаше да бидат прераспределени, ќе добиваа помала плата од онаа што дотогаш  ја имале во железницата. Но, дополнително револтот е уште поголем бидејќи до нив стигна најава дека иако тие ќе треба да ја напуштат железницата сепак на нивно место ќе дојдат вработените од  Ремонт на Пруги. Вработените во Железница сметаат дека нема никава логика во одлуката тие да бидат отстранети од своите работни позиции и на нивно место да се вработат други, затоа бараат да си останат таму каде што се, а вработените од Ремонт на пруги да се прераспределат во државните институции и претријатија.

Сепак, сега се надеваат дека, новите колеги од Ремонт на пруги кои доаѓаа во МЖ-Инфраструктура, нема да бидат причина тие да останат без работата во железницата.

Во МЖ-Инфраструктура, вработени се 1300 луѓе. Компанијата изминатиот период се соочува со серија финансиски проблеми поради што доцнеа исплатите на платите а вработените во континуитет се закануваа со штрајкови за да си ги добијат парите .

Ниедна власт не најде чаре за финансиските проблеми

Состојбите во железницата никако да ги среди ниту една владејачка гарнитура. И покрај технолошкиот вишок што беше прогласен во времето на СДСМ и од компанијата си заминаа околу 1000 луѓе, а железницата се подели на два дела МЖ-Инфраструктура и МЖ-Транспорт, проблемите не се  решија. И оваа владејачка гарнитура се соочува со континуирани проблеми од финансиска природа во двете железнички компании кои постојано резултираат со штрајкови и закани за штрајкови поради неисплатени плати. Од друга страна повторно се појави вишок на вработени иако беше направен голем рез, што пак упатува на тоа дека имало вработувања, за кои дел од железничарите велат дека се реализарле по партиски клуч и секогаш за време на избори, поради што железницата никако не може да излезе од маѓепсаниот круг.  

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор