03 Мај, 2024
0.0273

„ЖИВО ВИ Е КРАЛСТВОТО, КОЛКУ И ДРУГАРСТВОТО“ - Комитите возвратија на срамната провокација од Гробарите, еве ги деталите за скандалот

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

На денешниот ракометен натпревар меѓу Партизан и Вардар во Белград навивачката група на Партизан, Гробари упати тешки националистички навреди кон македонскиот народ. На почетокот на средбата, Гробари извадија грчко знаме, за потоа преку транспарент да порачаат дека Македонците имале криза на идентитетот.

„Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на транспарентот на Гробари.

Во еден момент се скандираше и „Стара Србија, никогаш Македонија“.

Медиуми јавуваат и дека Комити на мечот во салата „Бањица“ влегле дури во 55 минута, а успеале да возвратат и на навредите од Гробари.

Повеќе од три часа вардаровите навивачи не биле пуштани да влезат во Србија на граничниот премин „Табановце“ и тоа од српската полиција, без никакво образложение. 

Откако им бил дозволен влез, со полициска придружба се упатиле накај Белград, но тоа одело толку бавно што веќе на сите им станало јасно дека нема да стигнат на почетокот на средбата. Но, се случи најлошо сценарио за нив – им беше дозволен влез на пет минути пред крајот, кога веќе прашањето на победникот беше решено. Кога се појавија во салата, настана толкава еуфорија, што на преносот се забележа како сите домашни фанови скандираат „Стара Србија, никогаш Македонија“, а се пееше и грчка навивачка песна, пишува Радио Лидер.

Комити на сите провокации возвратија со „Живо ви е кралството – колку и другарството“. 

Фото: Сител

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра