02 Мај, 2024
0.0270

Златарите едвај го „преживуваат“ периодот без свадби и чекаат пандемијата да заврши

Објавено во: Економија, Корона Вирус 18 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Златарниците во Македонија се соочуваат со огромен пад на работата затоа што поради пандемијата на коронавирусот се забранети свадби и семејни прослави.

Сопствениците на златарници велат дека обемот на работа е намален од 50 до 70 отсто. Им недостига периодот пред пандемијата кога се организираа свадби, крштевки, родендени.  Нивните прогнози се дека оваа 2021 година ќе помине исто како и лани. Oчекуваат што поскоро да заврши пандемијата за да можат нормално да функционираат. Дел од газдите привремено ги затвориле дуќаните и велат дека ќе почекаат подобри времиња, бидејќи сега немаат промет.

„Продажбата е многу слаба, дури и за 14 февруари, за празникот Свети Валентин луѓето не купуваа златен накит за подарок. Годината ќе биде многу лоша за нас, исто како и минатата. Едвај чекаме ова да заврши“, велат од златарница во Гостивар.

И во соседниот град Тетово, златарите велат дека се мачат за опстанат во овој кризен период. Раскажуваат дека претходно, луѓето купувале секој според можностите и потребите.

„Работиме само за леб, колку да не затвориме. Работата е намалена за повеќе од 70 отсто, никој ништо не купува. Веќе нема глауморозни свадби како порано. Единствено ако некој се реши да направи скромна веридба само со најблиските. Порано граѓаните трошеа зависно од тоа колку им е длабок џебот. Се купуваа прстени, бурми, и друг златен накит.  Сега со помош од државата гледаме да го преживееме овој период, а гледаме дека и целиот свет е во криза“, додава тетовчанец.

Фисник Сарачи извршен директор на регионалната занаетчиска комора во Дебар, објаснува дека пандемијата целокупно ја погоди eкономијата и никој не е поштеден.

„Нема сектор кој  не е погоден. Тоа е еден ланец, и сега кога нема свадби, крштевки, родендени, матури, и златарските дуќани се погодени од пандемијата на коронавирусот. И оваа година ќе биде многу тешка за занаетчиите“, рече Сарачи.

Државата преку петтиот пакет мерки нуди помош за фирмите за исплата на плати, со цел да се направи рестарт и заживување на економијата. Помош ќе има за туризам и угостителство, хотелиерство, индустрија за организација на настани и други сектори. Овој пакет „тежи“ 160 милиони евра.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда