Знамето на НАТО запалено пред Собранието
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2018
Демонстранти денеска запалија знаме на НАТО пред Собранието додека генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг говореше внатре.
Тие со свирежи ги испратија службените возила на премиерот, Зоран Заев и на високата делегација од НАТО.
Преку политичката партија Левица беа организирани демонстранти со цел да искажат незадоволство од интеграцијата на Македонија во НАТО. Тие порачаа дека се против војна за профити.
Останатите демонстранти протестираа против промена на името, против Законот за јазици и против договорот со Бугарија. Меѓу нив беа поранешната пратеничка, Солза Грчева и Филип Петровски.