12 Мај, 2024
0.0350

ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ: Најдобро е веднаш да се поништи одлуката за разрешување на кардиохирургот Јовев

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Зоран Јовановски, припадник на бизнис заедницата и познат економист, бара поништување на одлуката за разрешување на кардиохирургот Сашо Јовев од директорската позиција. 

„Да го разрешиш кардиохирургот Јовев, човекот што го предводеше тимот за прва трансплантација на срце во земјава, заради банална причина, е навреда за здравиот разум. Затоа мислам дека за сите нас како граѓани најдобро е ваквата одлука веднаш да се поништи“, напиша на фејсбук Зоран Јовановски.

Професорот Сашко Јовев, кој долги години е прв човек на Државната кардиохирургија, кој практично ја создаде оваа клиника и ја доведе до ниво на светска институција е разрешен од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити, велат за Фактор извори од Клиниката.

-На 27.мај беше отворена хибридна операциона сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија која овозможува хирургија со малку компликации, брз опоравок, кратка рехабилитација и таканаречена минимално инвазивна хирургија. Сега имаме и апарат за срцева и белодробна поддршка каков што нема во регионов. Сето ова беше промовирано во јавноста во термин кој беше посочен од премиерот Димитар Ковачевски, но најверојатно не му се допадна нашата одлука на министерот Меџити кој инсистираше свеченото отворање да биде во друг термин. Поради каприц тој одлучи да ме смени, вели професорот Јовев за Фактор.

Сепак, како што посочува, решението за разрешување од директорската позиција не го примил се уште бидејќи за прв пат е на боледување.

За утре е закажана преес конференција на која ќе излезе со сите детали.

Професорот Сашко Јовев е светски познат кардиохирург. Тој го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија.


Можеби ќе ве интересира

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката

И ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ ПОТСЕТУВА ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: еве што објави денеска

И ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ ПОТСЕТУВА ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: еве што објави денеска

„ИЛИ ПОВТОРУВАЊЕ ИЛИ ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ЈОВАН МИТРЕВСКИ“: еве што вели министерот Лога за заклетвата

„ИЛИ ПОВТОРУВАЊЕ ИЛИ ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ЈОВАН МИТРЕВСКИ“: еве што вели министерот Лога за заклетвата

„ПРОВОКАЦИЈА ОД СИЛЈАНОВСКА“: еве што пишуваат грчките медиуми по денешната свечена заклетва

„ПРОВОКАЦИЈА ОД СИЛЈАНОВСКА“: еве што пишуваат грчките медиуми по денешната свечена заклетва

„АКО Е ЈУНАК, ЌЕ УПАТИ РАСКИНУВАЧКА НОТА ДО АТИНА“: Ванковска со реакција по инаугурацијата на претседателката

„АКО Е ЈУНАК, ЌЕ УПАТИ РАСКИНУВАЧКА НОТА ДО АТИНА“: Ванковска со реакција по инаугурацијата на претседателката

„После ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“: еве што вели Јаневска за познатата манифестација

„После ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“: еве што вели Јаневска за познатата манифестација

ГРЧКАТА АМБАСАДОРКА ГО НАПУШТИ СОБРАНИЕТО ВО ЗНАК НА РЕВОЛТ - потегот бил договорен

ГРЧКАТА АМБАСАДОРКА ГО НАПУШТИ СОБРАНИЕТО ВО ЗНАК НА РЕВОЛТ - потегот бил договорен

„Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна“: Силјановска - Давкова и официјално претседателка - не користеше Северна во заклетвата

„Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна“: Силјановска - Давкова и официјално претседателка - не користеше Северна во заклетвата