06 Мај, 2024
0.0284

Зошто Кочо Анѓушев ја напушти вицепремиерската позиција?

Објавено во: Економија 19 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Најдобриот претприемач меѓу академиците и најучениот меѓу бизнисмените потроши малку повеќе од две години „рвајќи“ се со „зарибаната“ администрација и помина како Дон Кихот. Како и секој паметен човек, попушти. На почетокот на годинава, со манир на човек што знае и има такт кога да повлече прав потег се повлече од вицепримиерската функција. Со одлично образложение – идат избори, а во период до избори нема што да се работи освен да се губи време во управување со извршната власт зашто резултати не може да има. И веднаш излезе шпекулација дека ги оставил фирмите па работата во нив не оди како што одела додека тој бил таму. Се врати да го води „Фероинвест“ – фирмата во која е ко-сопственик заедно со братот Тодор  и со уште едно лице. Лани профитот на „Феро Инвест“ паднал за 13 отсто, а приходите на „Брако“ се намалиле за 13 отсто. Профитот на една од малите хидроцентрали кои ги ко-поседува „Феро Инвест“ паднал за 97 отсто

Кочо Анѓушев се врати да го работи она што најдобро знае – се врати во бизнисот. Од почетокот на оваа година се повлече од вицепремиерското место  и главен човек за економски работи во Владата. Анѓушев се врати на челното место во „Феро Инвест“ фирма во која е ко-сопственик заедно со брат му Тодор и со уште еден партнер – Никола Гравчев. Преку ко-сопствеништвото во „Феро Инвест“ Анѓушев е ко-сопственик во уште 12 фирми од кои најголемата е металната индустрија „Брако ДОО“ од Велес, родниот град на Кочо Анѓушев.

„Феро Инвест“ е компанија регистрирана за трговија на големо со други машини. Ова друштво лани остварило приход од 5,6 милиони евра, што е за 79 отсто подобар резултат од 2018 година. Профитот на оваа компанија лани паднал за 13 отсто во однос на 2018 година и изнесува 1,1 милиони евра.

„Брако ДОО“ е најголемата компанија во која Анѓушев е косопственик. Поранешен пропаднат државен гигант купен како старо железо и целосно вратен во кондиција – ова е најуспешната бизнис приказна на Анѓушев (секако после ЕДС н.з.). Оваа компанија регистрирана за фабрикување метални производи односно е метална индустрија. Лани, не беше една од добрите години на „Брако“ од аспект на остварените приходи. Тие се за 13 отсто пониски од 2018 година и изнесуваат 23,55 милиони евра. За разлика од приходите , профитот е на исто ниво од 2018 година и изнесува 1,1 милиони евра. Во „Брако“ партнер на „Феро Инвест“ е компанијата „Трго фер“.

Анѓушев преку „Феро Инвест“ е ко-сопственик во уште 11 компании од кои 10 се регистрирани како производители на електрична енергија (станува збор за мали хидроелектрични централи н.з) и една компанија за технички прегледи, испитувања и анализи.

Од овие 10 хидро електрични централи само за една има финансиски податоци за 2019 година. Тоа е компанија Мали Хидроелектрани во која Феро Инвест е партнер со скопски Гранит. Билансот е благо речено поразителен. Компанијата лани има приход од 1,2 милиони евра што е за 23 отсто послабо од 2018 година и пад на профитот од 97 отсто. Добивката за 2019 година на Мали хидроелектрани изнесува 3.800 евра.

За другите девет мали хидроцентрали: Албнор, МХЕ Тополки, Езеро МХЕ, Аквават, Студенчица Мали хидро ДОО, МХЕ Јабланица, Хидро Осогово, МХЕ Падалишка и Хидроген енерџи груп во кои „Феро Инвест“ е во партнерство со по една или повеќе фирми уште нема финансиски податоци.

Нема уште финансиски податоци ниту за Енерџи Меинтенес Солушнс друштво за технички прегледи, испитувања и анализи во кое „Феро Инвест“ е во партнерски однос со помладиот брат на Кочо – Тодор Анѓушев.

Повеќе за Кочо Анѓушев може да прочитате на следниов линк Каде се враќа Кочо Анѓушев?

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК