22 Ноември, 2024
0.0278

Каде се враќа Кочо Анѓушев?

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Професорот со уникатни претприемачки квалитети и златна рака за бизнис во период од 20 години има импозантна кариера: од асистент на факултет до вицепремиер кој беше алфа и омега во креирање на економските политики. Крал на трговијата со струја, маестрален основач и развивач на најголемата домашна фирма за снабдување со струја (која сега е дел од грчкото ППЦ). Актуелен е и по тоа што од пепел го подигна поранешниот машински гигант „Брако“ и му отвори многу нова работа. Човек што преку неговата ко-сопственост во „Феро Инвест“ е сопственички партнер во 8 компании кои управуваат со мали хидро – централи. Кој е следниот предизвик на маестралниот велешанец кој е познат како човек што знае сам да си создаде работа и од тоа да направи многу пари?

По две и пол години Кочо Анѓушев го напушти вицепремиерското место во Владата. Неговото заминување од најважната економска функција во Владата беше на јубилеј - 20 години од неговата прва функција – директор за производство на електрична енергија во 1999 година во тогашното вертикално интегрирано монополско претпријатие ЕСМ (Електростопанство на Македонија).

Во овие дваесетина години Анѓушев од човек со врвен интелект и научен и умствен капацитет покажувајќи ги и ангажирајќи ги извонредни претприемачки и менаџерски способности на голема врата влезе во македонската премиум бизнис елитата. За 20 години од асистент и помлад професор на Машинскиот факултет стигна до вице премиер во реформската влада во кој тој беше алфа и омега за широк спектар на економските прашања во овие две и пол години управување.

Сега Анѓушев се враќа назад во својата природна средина – бизнисот и особено неговата специјалност енергетиката. За тоа колку биле успешни неговите две и пол години како „кројач“ на економски политики ќе покаже времето, оти нели, времето секогаш е најдобриот судија. Во овој момент тоа што може да го потврдиме е фактот дека во овие две години беше видлива, а на моменти и доминантна енергијата и улогата на Анѓушев во креирањето на макро економската клима во земјава.

Во неколку пишани реда брилијантната бизнис кариера на Анѓушев започна во веќе далечната 1999 година кога младиот и перспективен професор Анѓушев ја доби шансата да ја води најголемата организациска единица во ЕСМ - секторот производство на електрична енергија заменувајќи го тогашниот директор Васко Аиновски кој ја изгуби довербата од тогашниот врв на владеачката ВМРО ДПМНЕ. Анѓушев од луѓето со кои тогаш работел е запамтен како воркохолик, човек што прв доаѓал на работа и последен си заминувал, кој се трудел суштински да навлезе во сите тајни на производниот систем на ЕСМ, но и учел за значењето на преносните капацитети и тоа во нивниот регионален конктекст. Човекот што научил дека преносниот капацитет е компаративна предност на нашиот електроенергетски систем и тоа во иднина го валоризирал. Токму тоа знаење и создавање контакти му ја дава првата голема регионална работа – трговијата со струја. Анѓушев веројатно е најдобриот македонски менаџер на сите времиња во енергетиката. Брз во одлучувањето, често наоѓајќи вистински комбинации, професорот транзитира во бизнисмен од врвен калибар. Неговиот бизнис сенс не греши. Спремен влегува во вистинскиот момент кога започнува првата фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Успесите се редат, профитите се множат. Неговото име станува признато во светот на трговијата со струјата, контактите се множат. Анѓушев кој по природа е човек што знае да препознае добра прилика и сака предизвик и докажување решава да го рестартира велешкиот речиси уништен гигант „Брако“, а во речиси исто време влегува и во бизнис со снабдување со електрична енергија преку неговата компанија ЕДС (Електрисити Деливери Солушнс).  За да станат работите појасни за тоа што направил Анѓушев само ќе ги изнесеме следниве факти: велешки „Брако“ успешно работи и се развива произведува и извезува. Неговиот биланс за 2018 година е приход од 27 милиони евра и добивка од 1,1 милиони евра. ЕДС е можеби и поуспешната приказна. Во 2018 година Анѓушев ја продаде таа компанија, најголем снабдувач со струја во Македонија, на грчката државна електроенергетска компанија ППЦ. Во таа 2018 година ЕДС имаше приход од 81 милиони евра!

Каде се враќа Анѓушев?

Клучната компанија околу која се вртат бизнисите на Анѓушев е „Феро Инвест“ во која тој е ко-сопственик заедно со неговиот брат Тодор Анѓушев и со Никола Гравчев. „Феро Инвест“ е ко-сопсвеник во машинската индустрија “Брако“ заедно со велешката фирма „Тргофер“.

„Феро Инвест“ во 2018 година остварил приход од 3,1 милиони евра и профит од 1,3 милиони евра. Оваа компанија е веројатно најголемиот ко-сопственик на мали хидроелектрани во земјава. Таа е ко-сопственик на 8 компании кои управуваат со мали хидроелектрични централи кои лани оствариле вкупен приход од 3,7 милиони евра и имаат кумулативна добивка од 316.000 евра (само една од нив годината ја завршила со загуба од работењето).

Кои се следните предизвици на воркохоликот Анѓушев? Ќе видиме наскоро...


Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени