Зошто во Атина е вандализиран споменикот на Александар Велики?
Објавено во: Балкан 02 Мај, 2019
Споменикот на Александар Велики во Атина, е вандализиран и на постаментот се испишани погрдни зборови.
Ова се случува на две недели од неговото поставување.
Грчкиот весник „Ефимерида“ објави дека непознати лица успеале да го оштетат постаментот иако споменикот е постојано надгледуван од полициски службеници кои се стационирани на само неколку метри.
На натписот стои дека Александар бил крвник, кој убивал луѓе.