04 Мај, 2024
0.0375

Бугарите бараат македонскиот јазик да не се нарекува македонски, анализира „Вечерњи лист“

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарија го користи членството во ЕУ за негирање на македонскиот идентитет, пишува „Вечерњи лист“. 

Откако во март годинава, за време на хрватското претседавање со Унијата доби зелено светло за старт на преговорите за членство во ЕУ, Северна Македонија сега очекува првата меѓувладина конференција да биде одржана до крајот на годинава, со што формално се отвораат првите поглавја од преговарачкиот процес, пишува весникот. 

Но, Бугарија се заканува со блокада, додава загрепскиот весник „Вечерњи лист“.

„Меѓу другото, Бугарите бараат македонскиот јазик да не се нарекува македонски, туку исклучиво „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Бугарија остава впечаток дека го користи членството во ЕУ за да го негира македонскиот идентитет“, оценува весникот.

„Вечерњи лист“ наведува дека на вчерашниот состанок на Комитетот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ, бугарскиот амбасадор го дистирбиурал „појаснувачкиот меморандум“, во кој, меѓу другото, како што посочува весникот, се тврди дека придавката „македонски“ не означува национален идентитет, туку географско потекло, како и дека Јосип Броз Тито, инспириран од Коминтерната, им наметнал „нов идентитет на луѓето кои претходно се декларирале како Бугари, Србите подоцна сакале да ги идентификуваат како јужни Срби, а Тито ги прогласил за Македонци“.

„Бугарија би можела да се најде под притисок на другите земји членки кои сакаат да го наградат официјално Скопје за макотрпната работа за започнување преговори со ЕУ. Владата на премиерот Зоран Заев се согласи и на промена на името на државата, за да ги отстранат пречките за старт на преговорите, што доажаа од Грција, а пред Договорот со Грција, беше потпишан и Договор за пријателски односи со Бугарија, кој требаше да ги отстрани бугарските пречки. Но, Бугарите продолжуваат да се закануваат со вето“, додава весникот.

Загрепското издание посочува дека дипломатите во Брисел се надеваат дека „се ќе се изглади“ до 10 ноември, кога на заседание на Советот за општи работи на ЕУ треба да биде усвоена одлуката за свикување на првата меѓувладина конференција.

Бугарија го информирала Брисел дека во Македонија се води „антибугарска идеологија“.

Во документот дистрибуиран од Софија до владите на ЕУ, виден од новинар на Политико, Бугарија вели дека она што се случува во Македонија го смета за „антибугарска идеологија спонзорирана од државата“, пишува Политико.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава