09 Мај, 2024
0.0245

Дали е ова изборот на Додик? - Синот на Ратко Младиќ кандидат за претседател на Република Српска

Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Еден од можните кандидати на владејачкиот Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик за претседател на Република Српска на претстојните избори е Дарко Младиќ, син на поранешниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, пишува „Блиц“, повикувајќи се на извори од врвот на партијата.

Оваа кандидатурата на Младиќ е во потесниот круг во изборот на СНСД, а некои советници на актуелниот претседател на Република Српска, Додик сметаат дека тој ќе го остави без никакви шанси за победа кандидатот на опозицискиот Сојуз за промени на Вук Говедарица, наведуваат неименувани извори за белградскиот весник.

„Кој било друг кандидат на владејачката партија не гарантира изборна победа над кандидат на Сојузот за промени. Од друга страна, кандидатурата на синот на Ратко Младиќ за позицијата претседател на Република Српска, според врвот СНСД, ќе обезбеди огромна поддршка од најголемиот дел на боречката популација, како и од обичните луѓе кои во Младиќ гледаат како на некој кој е најзаслужен за создавањето и одбрана на Република Српска“, тврдат соговорниците за „Блиц“.

Како предност во евентуалната кандидатура на Дарко Младиќ, додаваат тие, ќе претставува тоа што се работи за непартиска личност, која зборува неколку јазици.

„Во врвот на СНСД размислуваат и за тоа дека најголемиот дел на неопределени гласачи на изборите својот глас попрво би го дале за Дарко Младиќ, отколку за кандидатот на СДС на Вук Говерадица“, наведуваат истите извори.

Драко Младиќ за „Блиц“ не сакал да потврди, но ниту да ги демантира информациите дека неговото име влегло во тесниот круг на кандидати за претседател на Република Српска.

Неименуван извор за белградскиот весник, исто така, тврди дека покрај Дарко Младиќ, чие име неодамна влезе во изборот на кандидати на владејачката партија за претседател на Република Српска, во игра и натаму се и актуелната премиерка на срспскиот ентитет во БиХ, Жељка Цвијановиќ, потоа министерот за внатрешни работи Драган Лукач, како и пратеникот на СНСД во Домот на народот на Парламентот на БиХ, Средоје Новиќ.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?