04 Мај, 2024
0.0279

ЕуроНикел и ГСОЛ: Рестартирањето на производството и извозот на ФЕНИ Индустри е успех за компанијата, земјата и стечајниот процес

Објавено во: Мои пари 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

ФЕНИ Индустри го бележи вториот последователен успешен месец на производство проследено со извоз на фероникел и засилено продолжува напред по рестартирањето на фабриката. ЕуроНикел ја спроведува тековната соработка со ФЕНИ и ги финансира платите и сите останати месечни производствени активности на фабриката, што доведува до враќање на производот на ФЕНИ на меѓународните пазари на метали. Директорите Герасим Кујунџиев и Андреас Цагарис го предводат тимот на ЕуроНикел во Македонија, внесувајќи значајна комерцијална и техничка експертиза кон оперативните активности.

Преку договорот со глобално позициониран учесник во индустријата, ФЕНИ Индустри одново ја гради својата позиција како клучен двигател на македонската економија, значително придонесувајќи за нејзиниот раст и развој. Спасувањето на ФЕНИ по неколку месечното лошо раководење и нестабилност, веќе резултира со поттикнување на локалната економија. Постојните вработени се задржани на нивните работни места и секојдневно се создаваат нови работни места, директно и индиректно", рече Герасим Кујунџиев, директор на ЕуроНикел ДООЕЛ Скопје.

Понатаму, во текот на последните месеци, ГСОЛ и ЕуроНикел откупија и продолжуваат да откупуваат побарувања на стотици доверители на ФЕНИ Индустри - во стечај, со што се обезбедуваат средствата што им се неопходни на стотици добавувачи на ФЕНИ, вклучувајќи ги и исплатите на долгови кон вработените и транспортерите, направени од страна на претходните сопственици. ГСОЛ и ЕуроНикел сега се најголеми кредитори на компанијата, како и единствен инвеститор во секојдневните активности и во понатамошното успешно работење на комбинатот.

ЕуроНикел ја има целосната поддршка на матичната компанија ГСОЛ и е посветена на заживување на ФЕНИ и инвестирање во идниот раст. Имаме финансиски и технички ресурси за да дадеме резултати кои долгорочно ќе бидат од корист за македонската индустрија", изјави Маркос Камис, директор на GSOL.

ГСОЛ, матичната компанија на ЕуроНикел, е глобално признаена инвестициска компанија со производни капацитети и експертиза во секторот на фероникелот. Групацијата веќе вработува над 1500 луѓе во своите капацитети за рударски и металуршки дејности на глобално ниво со експерти од ГСОЛ кои редовно се вклучени во тимот на ЕуроНикел за поддршка на активностите на ФЕНИ во Македонија. ГСОЛ е основана во 2009 година и својата најголема инвестиција во доменот на природните ресурси ја прави со купувањето на фабриката Фалкондо во 2015 година, капацитет за производство на фероникел во Доминиканската Република од швајцарската рударска компанија Glencore. ГСОЛ постигна извонреден пресврт во оваа фабрика, особено бидејќи како ФЕНИ и Фалкондо е исто така индустриски заштитен знак на Доминиканската Република.

Сметаме дека неодамнешните извештаи во медиумите во врска со транспарентноста на стечајниот процес може да се објаснат само како злонамерни во однос на ФЕНИ Индустри и неговата иднина. ГСОЛ и ЕуроНикел ги преземаат сите неопходни активности за да го изразат своето искрено изненадување и бараат целосна правна заштита.

Дополнителни информации:

Формиран во 2009 година, ГСОЛ е фокусиран на работа со природни ресурси и посебни основни метали. ГСОЛ има одлични и докажани резултати на глобално ниво, при обликување и работа со фероникел. Во август 2015 година, ГСОЛ презеде целосно интегрирана компанија, од Glencore Falconbridge Доминикана, која работи со производство на фероникел во Доминиканската Република.

EuroNickel е македонска подружница на ГСОЛ, одговорна за инвестициите и работењето во фероникелот во Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото