„Фчерашни новости“: Како живее еден командант заборавен од Владата?
Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2018
Како живее еден командант заборавен од Владата? За овааа потресна приказна последни дознајте од новите „Фчерашни новости“. Следи 33, не лицето, туку епизодата, во која ќе гледате и:
- Зависник од предизборни програми ја отвори душата
- Неверојатно: Се појави нова банка во Македонија
- Интервју со владин претставник: Дојде живот!
Сезоната 3 на „Фчерашни новости“ се ближи кон својот крај. Затоа не ја пропуштајте еп.33 во недела од 20 часот на Телма и во живо на Фејсбук.