ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?
Објавено во: Македонија 26 Април, 2024
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ја доби довербата на македонската дијаспора и според податоците на ДИК, таа освоила 369 гласа. Кандидатот на Европскиот фронт предводен од ДУИ, Бујар Османи е на второ место со освоени 182 гласови. Актуелниот претседател Стево Пендаровски освои 175 гласови од дијаспората.
Во Љубљана битката се водела помеѓу Давкова и кандидатката на Левица, Билјана Ванковска. Тука Давкова освоила 52 гласа а Ванковска 34.
Османи победи во Берлин со освоени 57 гласови а за Силјановска гласот го дале 23 гласачи. Ванковска освоила 16. Во Минхен исто така било тесно помеѓу Османи и Давкова, но и тука победата ја извојува Османи со еден глас повеќе од Давкова, односно 21, додека за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ гласале 20 лица.
И во Загреб Османи победи со освоени 25 гласови.
Пендаровски пак победи во Вашингтон. Тука 13 лица од Македонија гласале за него.
Според податоците на ДИК, најголем интерес за гласање имало во Љубљана, Берлин и Минхен.