26 Април, 2024
0.0287

Ќе се модернизира граничниот премин Богородица со средства на ЕУ

Објавено во: Мои пари 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Царинската управа преку Проектот за користење на средства од Програмата ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2014-2020 година, ќе го модернизира граничниот премин Богородица.

Имено,  со договорот за започнување на Проектот што беше потпишан на 2 Април 2018 година, финансиран од Европска Унија и кофинансиран од Владата на Република Македонија  во износ од 442.500,00 евра, предвидено  е до крајот на 2023 година да се извршат повеќе инфраструктурни зафати на ГП Богородица и ГП Дојран. Инфраструктурните зафати ќе овозможат создавање на современи услови за давање на поквалитетни услуги на премините, што за економските оператори, превозниците и патниците ќе значи олеснување и забрзување на движењето на стоките, како и создавање на дополнителни услови за контрола и заштита на граѓаните.

Поддршката на Европската унија, како и на Владата на Република Македонија, преку реализацијата на овој проект ќе даде голем придонес во олеснувањето и забрзувањето на царинските и граничните постапки и подобрување на прекуграничната соработка. Надградбата на објектите ќе ја зголеми пропусната моќ на преминот за стокови пратки, ќе го намали времето потребно за вршење на граничните формалности и ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција.


Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”