Пријави се и трчај на 9-та Авицена Женска трка!

Објавено во: Мои пари 20 Јули, 2021
Авицена Женска трка, во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, оваа година ќе ја организира 9-та по ред трка за припадничките на женскиот пол. Трката ќе се одржи на 5-ти септември, а пријавувањето за истата официјално е отворено и ќе трае до 30 август, односно до пополнување на предвидениот број на учесници.
Минатата година на Авицена Женска трка трчаа 500 натпреварувачки, кои и покрај сите протоколи и препораки за заштита од корона вирусот, успеаа да ја продолжат традицијата во подигање на свеста за здрави навики.
Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женската трка 2021 може да се направи преку официјалната веб страна на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk или на www.smartrace.club.
Можност за учество и пријавување имаат сите припаднички на женскиот пол без разлика на возраста. Од организацијата информираат дека сите оние учеснички кои минатата година ја одложиле својата регистрација за 2021 година, автоматски се префрлени и за овогодинешната трка и не треба ништо да превземаат, може своето име да си го побараат во стартната листа на www.zenskatrka.mk
Стартот на трката ќе биде од 9:00 часот наутро, а ќе се трча вкупно 3 километри, со што по завршувањето на трката ќе се прогласат најдобите учеснички во 7 возрасни категории. Ќе биде организирана и лотарија во која ќе учествуваат сите учеснички со стартен број, кои ќе добијат подароци од партнерите на трката.
Организаторите на 9-то издание на Авицена Женска трка ги повикуваат сите претставнички на женскиот пол и љубители на спортот да се пријават на овогодинешната трка и да ги почитуваат сите препораки за заштита на здравјето и безбедно одржување на трката.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
РЕАКЦИЈА ОД Д-Р БОШКО ЗАБОРСКИ, ТРЕНЕР НА МАКЕДОНСКИОТ НАЈТРОФЕЕН КАРАТЕ КЛУБ „МАКПЕТРОЛ“ – СКОПЈЕ

Иновативните тутунски алтернативи се клучот за иднината без чад

За безгрижно патување во странство – целосен пакет од СН Осигурителен брокер

Инфекција со Helicobacter pylori: Зошто е значајна и како да се открие?

За да направите филмски хит од секојдневието - истражете го новиот vivo X80Pro и искористете го периодот за претпорачка

Премиер лига ексклузивно на Арена спорт каналите, Кристал Палас и Арсенал за почеток на новата сезона

Поврзувањето и соработката го отвораат патот кон подобро разбирање на себеси со иновациите на Samsung Wellness

Петта година по ред се дружиме на официјалниот избор „Мажи на годината“
