04 Мај, 2024
0.0253

Пуштена во употреба првата сензорна градина во Македонија

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Со цел да се овозможи поквалитетна настава за учениците со оштетен вид, денеска Американската стопанска комора во Македонија ја пушти во употреба првата сензорна градина во Македонија изградена во училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов во Скопје. Сензорната градина е надворешна училница која го стимулира развојот на моторните способности и сетилата кај учениците со оштетен вид. Градината е изградена по иницијатива на Американската Стопанска Комора и е поддржана од 22 компании-членки на комората. Настанот го отворија поздравните говори на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави Џес Бејли и Министерот за образование и наука на Република Македонија Арбер Адеми.Голем број жители од општинатаКисела Вода, претставници од приватниот сектор, медиуми и претставници од општината, предводена од градоначалникот Филип Темелковски, го проследија настанот.

“Овој проект покажува дека приватниот секторразбира дека здравото општество во кое сите имаат можности е добро за просперитетот и на компаниите и на општеството во целина, а Американската стопанска комора служи како катализатор кој ги спојува потребите во општеството со капацитетот и ресурсите на приватниот сектор,” рече амбасадорот Бејли.

“Гарантирање на правата и можностите на лицата со попреченост е обврска не само на институциите на системот, туку и на секој поединец и секоја организација која е дел од севкупните општествени текови и процеси,” рече министерот Адеми.

Извршниот директор на Американската стопанска комора, Дијана Десподов, потенцираше дека успешноста на овој проект се должи на заедничката работа и партнерство помеѓу разните сегменти на општеството: јавниот, приватниот, и граѓанскиот.

Проектот финансиски и материјално го поддржаа следниве компании: Окта, Меккен Скопје, ВанХоол Македонија, ДХЛ Експрес, Шпаркасе банка, Охридска банка, Инбокс, Цементарница Усје, Нова Инт. Училишта, Млекара Битола, Пивара Скопје, Рош Македонија, Алкалоид, Прајсвотерхаус Куперс, Поленак Адвокатско Друштво, Тиквеш, Кемет Електроникс Македонија, Халкбанка, Тинекс, Комерцијална банка, Вабтек МЗТ и

Џевахир Груп. Проектот го изведоа членките на Американската стопанска комора Хабитат Македонија и Гранит.

Доколку ви требаат повеќе информации за овој и други настании проекти организирани од Американската стопанска комора во Македонија, ве молиме посетете ја нашата веб страна www.amcham.com.mkили контактирајте нѐ на communication@amcham.com.mk



Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија