( ВИДЕО И ФОТО) ВЕВЧАНИ: Како Полицијата го растури групирањето за Василица, за кое организаторите ветија дека нема да се случи
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2021
Иако претходно општина Вевчани официјално се откажа од организирањето на Вевчанскиот карневал, многу граѓани вчера самоиницијативно излегоа по улиците, правејќи ги локалните адети и дефилеа за Василица.
Сепак, потоа пристигнаа бројни полициски единци и почнаа да ја фрастураат групата, па се случи и тензија и апсење на некои од учесниците.
Од МВР изјавиле дека интервенирале поради непочитување на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот.
„И покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собраа во Вевчани без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци“, стои во соопштението од полицијата.
Градоначалникот изјавил дека уште пред три недели биле откажани сите активности, но, како што рекол, Вевчани тешко може некој да го спречи.
Меѓу приведените лица во Вевчани по денешната акција на полицијата и ЕБР е и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ-Вевчани, Ѓорги Влајнкиноски.
Тој на Фејсбук објави фотографија во полициското комбе, како и неколку видеа од настанот и напиша: „Денес бев апсен. За ништо, се разбира. Нема страв, нема предавање. Има полициска бруталност, ама ќе им помине. Вевчанци, драги мои Вевчанци посебно Ви благодарам за пркосот кон полициската бруталност. Да живее Вевчани, да живе Македонија“, објави Влајнкиноски.
фото и видео фејсбук