ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2024
Во пресрет на најголемиот христијански празник - Велигден, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни верски објекти во сите скопски општини.
Со активностите се опфатени: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и др.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжат да се грижат за чистотата на верските објекти на сите верски заедници.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.