04 Мај, 2024
0.0311

Вината на „Стоби“ се закитија со две златни медали на интернационалниот натпревар „Вино Љубљана 2018“

Објавено во: Мои пари 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Две вина на винаријата „Стоби“, „Ркацители“од бербата 2017 и „Веритас“ од бербата 2015 освоија највисоки признанија на интернационалниот натпревар „Вино Љубљана 2018“ кој важи за еден од најстарите вински натпревари во светот. Во конкуренција на 425 вина од 23 земји во светот, дегустаторите го оценија квалитетот на вината на „Стоби“ со највисоки оценки и им доделија златни медали во две категории.  

На годинешниот вински натпревар во Љубљана, кој традиционално се одржува веќе 60 години, учествуваа производители на вино од Словенија, но и бројни производители од целиот свет. Според организаторите на натпреварот, дури 75 отсто од изложените вина на овој натпревар доаѓаат од земји надвор од Словенија. Квалитетот на овие вина годинава го оценуваа 43 дегустатори од 15 земји, при што македонската винарија „Стоби“ ги доби престижните награди за квалитет во многу силна конкуренција.   

- Огромна чест да се освојат две престижни награди на вински натпревар кој е рангиран меѓу десетте најелитни вински случувања во светот. Тоа што винаријата „Стоби“ редовно освојува награди на меѓународните натпревари за нас е поттик да продолжиме со квалитетната работа, но истовремено е и потврда дека во Македонија се произведува навистина квалитетно вино кое стои рамо до рамо со вината од престижните винарии од целиот свет – изјави Ана Јорданова, сопственичка на винаријата „Стоби“. 

Вината на „Стоби“ го освоија жирито и на меѓународниот натпревар „Мундус вини“ во Германија пред два месеца, каде што виното „Аминта“ од бербата од 2015 година освои златен медал, додека виното „Ркацители“од бербата од 2016 година се закити со сребро. 


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото