26 Април, 2024
0.0273

Vip на Дигиталниот Самит на земјите од Западен Балкан 2018

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Вип со задоволство го објавува учеството на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан што се одржува во Скопје од 18 -19 април, 2018г.

На панел дискусијата на тема „ Дигиталната економија и општеството “ што се одржа во рамките на самитот учествуваше и извршниот директор на Vip, Мислав Галер кој потсети на важноста на процесот на дигитализација на општеството во целост и на клучната улога на телекомуникациските компании во развојот на дигиталната револуција преку обезбедување на инфраструктура, пристап и апликации за корисниците.

“Како дел од А1 групацијата која е присутна со голем број операции во регионот и во светски рамки, примарно за Вип е дигитална трансформација најпрво во рамките на компанијата. Преку промената на интерните навики, потенцирањето на агилноста, воведувањето на нови платформи и обезбедувањето на конкурентни решенија и знаење, се трансформираме прво самите себе и тоа го правиме со единствена цел - да понудиме врвно корисничко искуство. Соработката со јавниот сектор и start up компаниите придонесува за реално живеење на  дигиталната трансформација. Затоа ги забрзуваме инвестициите во инфраструктурата, новите технологии како и дигитализацијата и иновациите. Со инвестиции од над 35 милиони евра во изградба на нова мрежа успеавме да обезбедиме мрежа од следната генерација и продолжуваме да ги истражуваме новите дигитални технологии за да најдеме најдобар начин да понудиме пофлексибилни и траргетирани дигитални услуги на своите корисници”, изјави Мислав Галер , извршен директор на Вип на панел дискусијата во рамките на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан.  

Дополнително,на саемскиот дел, на штандот на Вип, за идните планови на компанијата поврзани со овозможување на дигитално општество говореше Божидар Полдругац, дирекотр на техника во Вип, а беа организирани и одржани дискусии поврзани со вештачка интелигенција, тестирање на виртуелна реалност, патот до 5G технологија, а големо внимание предизвика и предавањето наменето за најмладите за безбедно користење на интернет, дел од проектот „Интернетот не e само игра. Кликај безбедно".




Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна