Законот за Јавно обвинителство ќе биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019
Новиот Закон за Јавно обвинителство ќе биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка, одлучи Владата на 146-та седница.
Општините Охрид и Струга добија 10 дена да подготват акциски план по препораките на УНЕСКО, а со ратификацијата на Спогодбата за учество на Република Северна Македонија во „Европскиот корпус на солидарност” на младите од нашата земја им е достапен уште еден фонд на ЕУ.