07 Мај, 2024
0.0221

10-те најдобри совети за парите од Ворен Бафет

Објавено во: Стил 14 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Ворен Бафет нема потреба од претстваување. Еден од најбогатите луѓе во светот, најголемите инвестициски умови на модерните времиња.

Освен со најуспешните бизнис потфати, тој е познат и по своите хумористични увиди, обоени коментари и мудри совети.

Затоа е вистинскиот човек кој ќе ви даде совет за парите. Така сметаат и од GOBankingRates и Ally Bank кои го избрале меѓу финалистите во рангирањето "Best Money Expert" за 2015 година.

Тие ги подредиле 10-те најдобри совети за парите од Ворен Бафет.

1. Никогаш не губете пари Ова е совет број еден на финансиерот кој и самиот тој го следи.

2. Барај висока вредност на ниска цена

"Цената е она што го плаќаш, а вредноста е она што го добиваш", вели претседателот на Berkshire Hathaway во своето писмо до инвеститорите на фондот на генералното собрание во 2008 година.

3. Формирајте си целокупно парични навики

Повеќето луѓе делуваат на вообичаен начин, вели тој во обраќањето пред студентите од Универзитетот во Флорида во 2007 година "Велат дека синџирите на навика се премногу лесни, за да се почувствуваат, додека не станат премногу тешки за да се прекинат", дополнува Бафет. Затоа, според него, секој треба да си изгради навика да штеди пари од порано, бидејќи тоа е навика.

4. Избегнувајте го задолжувањето, особено од кредитни картички Сум видел многу луѓе да пропаднат поради алкохол и долгови, вели тој во својот говор пред студентите. Ако си паметен, ќе правиш доволно пари и без да се задолжуваш, убеден е Бафет. Тој посебно предупредува за замките на кредитните картички, бидејќи каматата на нив е се повисокаод онаа за потрошувачки кредити, и тоа значително.

5. Држете ја готовината под рака

Клуч за безбедноста е секогаш да имате резерви од кеш под рака. На генералното собрание на Berkshire Hathaway во 2014 година, тој призна дека Фондот секогаш држи најмалку 20 милијарди долари во кеш и ваквиот потег  помагал да издржи за време на рецесија, додека многу други бизниси потонале. "Кешот за бизнис е како кислород за човекот - никогаш не мислите за него, кога го имате, но само за него мислите, кога го нема", мудро заклучува Бафет.

6. Инвестирајте во себе

Вие сте своја најголема актива, категоричен е генијалниот инвеститор. Се што правите за подобрување на способностите и да станете ценет, ќе се исплати со времето барем десет пати повеќе, вели Бафет во интервју за CNBC. Покрај тоа, за разлика од друга инвестиција, оваа никој не може ниту да ја обложи ниту да ви ја одземе.

7. Учете  за парите

Дел од тоа да инвестираш во себе, е да учиш како да управуваш со парите подобро. Ризикот доаѓа најмногу од тоа да не знаеш точно што правиш. Или како што вели партнерот на Бафет Чарли - "Легнувај во кревет навечер попаметен отколку што се будиш наутро".

8. Доверете се на најевтиниот индексен фонд во паричник

И додека другите совети на Бафет звучат филозофски, овој е прилично практичен. Бафет ги форсира индекс фондовите. "Ставете 10% од своите пари во краткорочни владини вредности и 90% во некој многу евтин индексен фонд, пишува тој до акционерите во Berkshire Hathaway во 2013 година. Овој совет тој дава со години.

9. Донирајте Ако сте од овој 1% среќни луѓе, должни сте да мислите и за останатите 99%. Оваа година тој донираше 2,8 милијарди долари во акции на Berkshire Hathaway за 5 добротворни иницијативи. Заедно со Бил Гејтс тој е творец и на движењето The Giving Pledge каде 130 милијардери се заложија да донираат поголемиот дел од своето богатство. Дури и да не сте милијардер, сепак може да се одвоите од своите пари за да го подобрите животот на другите.

10. Гледајте на парите како на долгорочна игра Некој денес седи во сенка, бидејќи многу пред тоа друг засадил дрво, верува Бафет. Затоа и долгорочната визија е водечка кај неговите инвестиции. Во своето писмо до акционерите во 2014 година тој вели дека луѓето треба да инвестираат барем со хоризонт од неколку децении, наместо да се потпираат на моменти на нестабилност на пазарите или економски кризи.