ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2024
Снежана Миловановска од Скопје создава вистински ремек дела од велигденските јајца кои ги украсува во неколку техники.
Taa oбјаснува дека секоја година користи поинакви техники со цел и велигденските јајца да се разликуваат. Јајцата ги украсува со креп, техника декупаж, восок, лак за нокти и слично.
„Со крепот се бојат шарените јајца, вареното јајце(поубаво се шараат белите јајца), ги валкам во алкохолен оцет и потоа им ставам ленти исечени од креп бои по желба и ги оставам да отстојат 30 минути. Потоа го одвиткувам јајцето и го премачкувам со масло за јадење. Лак за нокти, во помал сад и подлабок ставаме ладна вода и капнуваме лакови по желба, а потоа го брцнуваме јајцето и на него се лепат боите од лакот. Декупаж – оваа техника се прави со салфети. Вареното јајце го премачкуваме со белката и нанесуваме салфетка. Со најгорниот слој од салфетката и ги мачкаме со белка“, вели Миловановска.
Нејзина омилена техника е изработка на јајца со икони.
„На црвени јајца со белка лепам сликички со светци и потоа ги декорирам со бисери, циркончиња. На црвени вапцани јајца цртам шари со златен маркер. Декорирање со машничка – вапцаните јајца ги декорирам со различни машнички и цветчиња, односно лентите и цвеќињата со силикон ги лепам на јајцата. Восок – оваа техника бара најмногу време и труд. Јас восок користам од малите свеќички што ги користиме дома. Тоа си гори и од растопен восок цртам. На молив со гума забодувам топувче и со него цртам. Прво на бело јајце цртам шара по желба и го ставам во посветла боја да отстои малку, а потоа пак цртам со восокот и го ставам во друга боја и ова го повторуваме зависно колку шари сакаме да има јајцето. На крај го пребришуваме јајцето и ја добиваме саканата шара(ако не излегува убаво, восокот со фен го дувам и го бришам). Знаењето за декорација го стекнав разменувајќи мислења со моите пријателки, посебно од жените од „Вешта жена“ каде разменуваме многу искуства“, додава Миловановска.
Таа вели дека и во иднина би пробала нови техники за декорирање на јајца. Има желба самата да нацрта икона на велигденско јајце. Миловановска објаснува дека од блиските добива пофалби за креативноста, а нејзините деца се воодушевени и тоа посебно ѝ значи. За празникот оваа вешта жена украсува околу 60 јајца.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.