07 Октомври, 2024
0.0265

12 граѓани жртви на 34-годишната измамничка „Генерал Мими“

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Судот и одреди притвор во траење од 30 дена на 34 годишната измамничка „Генерал Мими“ која вчера беше уапсена поради тоа што измамила повеќе македонски граѓани. Против неа се поднесени четири кривични пријави. Жената се претставувала како шефица во НАТО и лажела дека за извесна сума пари од неколку илјади евра, може да среди за вработување во Алијансата. Според првичните информации таа на своите жртви, меѓу кои се споменува и познат скопски бизнисмен, им велела дека посредува македонски фирми да добијат тендери за снабдување на базата во Косово со храна,средства за хигиена или пијалоци. „Засега се поднесени 12 пријави против неа, но се очекува да се зголеми бројот на измамени граѓани, кои по обелоденувањето на случајот, ќе се охрабрат да пријават дека биле оштетени“, соопшти портпаролот на МВР, Иво Котевски. Од јануари до јули годинава со лагата успеала да заработи половина милион денари. Измамата одела до таму што измамените граѓани ги испраќала да се облекуваат во скапи бутици за да бидат претставителни на бизнис средбите кои требало да ги договори. Сепак наместо ова, откако ќе ги земела парите, измамничката ја снемувало. Овој случај стигнал и до помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман. Како што пренесоа повеќе македонски медиуми, тој на состанокот со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска минатата недела се распрашувал дали полицијата има информации за измамничката која го злоупотребува името на НАТО. Од МВР најавија дека истрагата продолжува.

Можеби ќе ве интересира

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ